Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Магазин»Македонија доби нова музичка ѕвезда – Бојана Ѓузелова, девојчето со глас што ги освои Владимирово и целата македонска публика (Видео)
    Магазин

    Македонија доби нова музичка ѕвезда – Бојана Ѓузелова, девојчето со глас што ги освои Владимирово и целата македонска публика (Видео)

    10/12/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На неодамнешната прва официјална промоција посветена на „Владимирово Фолк Фест”, вниманието неочекувано, но сосема заслужено, го привлече една млада, талентирана и полна со енергија музичарка – Бојана Ѓузелова.

    Маестро Горан Алачки, кој ја водеше прес-конференцијата, со посебна гордост ја претстави Бојана пред присутните новинари и гости. Таа се појави како придружен вокал на концертот на Драган Мијалковски, со кој официјално заврши овогодинешната концертна сезона во Домот на културата во Владимирово. Но иако во позадина, нејзината музикалност, енергија и сценска природност не останаа незабележани.

    Во текот на пресот беше промовирана и нејзината прва песна „Усни неверни“, дело на Маестро Алачки – нумера која првично и своевремено била создадена за друга фолк пејачка, но сега доби свеж, модерен ритам и комплетно нов аранжман, совршено вклопен со карактерот на Бојана. Песната веќе доби и видеоспот, снимен на повеќе интересни локации во Владимирово, меѓу кои и Домот на културата „Горан Алачки“.

    Бојана, која одлично свири гитара и е дел од музичкото училиште на Жаклина и Јанко Узунов, плени и со својот вокал. Водителката Ели Танасковска накратко се наврати на нивната прва средба – во познат ресторан во Дојран, каде што младата Бојана спонтано започнала да пее стари македонски народни песни и ги оставила сите присутни без здив.

    Иако е само третa година средно училиште, нејзиниот талент, посветеност и природна харизма ја издвојуваат како едно од најперспективните млади имиња на домашната сцена. „Усни неверни“ е само почетокот на нејзиниот музички пат, а јавноста со право очекува многу повеќе од Бојана Ѓузелова – девојчето кое веќе сега покажува дека е родено за сцена.

    Previous ArticleГенерал-мајор Сашко Лафчиски одликуван со висок американски медал
    Next Article Зеленски е подготвен за избори откако Трамп ја доведе во прашање украинската демократија

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.