Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Македонија и Македонците постојат во светските архиви пред Коминтерната, Сталин и Тито

    Првата понуда од С. Арабија за Салах е 2,8 милиони евра неделно!

    Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Регион»Падна Владата во Бугарија по масовните протести на само неколку недели пред влезот во еврозоната
    Регион

    Падна Владата во Бугарија по масовните протести на само неколку недели пред влезот во еврозоната

    11/12/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска поднесе оставка со што неговата малцинска влада се повлече од власта по неколку недели улични протести против економските политики и поради перцепцијата дека кабинетот не успеал да се справи со корупцијата, објави Ројтерс.

    Жељазков ја објави оставката во телевизиско обраќање, само неколку минути пред парламентот да гласа за предлог за недоверба. Оставката доаѓа во период кога Бугарија треба да се приклучи на еврозоната на 1 јануари.

    „Нашата коалиција се состана, ја разгледавме моменталната состојба, предизвиците со кои се соочуваме и одлуките што одговорно мораме да ги донесеме. Нашата желба е да бидеме на нивото што го очекува општеството. Властта произлегува од гласот на народот“, рече Жељазков.

    Илјадници Бугари во средата навечер протестираа во Софија и десетици други градови низ државата, во најновиот бран демонстрации што ја одразуваат јавната фрустрација од ендемичната корупција и неуспесите на повеќе влади да се изборaт со неа.

    Минатата недела, поради протестите, владата на Жељазков го повлече буџетот за 2026 година што е првиот буџет на соседна Бугарија кој се пресметува во евра. Опозициските партии и други организации протестираа против плановите за зголемување на социјалните придонеси и даноците на дивиденди за финансирање на повисоки државни трошоци.

    И покрај повлекувањето на буџетскиот предлог, протестите продолжија во државата која одржа седум парламентарни избори во последните четири години од кои последните беа во октомври 2024 година во услови на длабоки политички и општествени поделби.

    Претседателот Румен Радев претходно оваа недела исто така ја повика владата да поднесе оставка. Во своја порака до пратениците на Фејсбук во четвртокот, Радев напиша: „Меѓу гласот на народот и стравот од мафијата. Слушнете ги плоштадите!“

    Според бугарскиот устав, претседателот има ограничени овластувања, но сега ќе треба да ги повика партиите во парламентот да се обидат да формираат нова влада. Доколку – како што е најверојатно – не успеат, тој ќе назначи техничка влада што ќе ја води земјата до нови избори.

    Вчера вечерта десетици илјади луѓе се придружија на најновите масовни протести низ Бугарија, обвинувајќи ја владата за широко распространета корупција и нагласувајќи ги политичките несогласувања само неколку недели пред земјата да се придружи на европските земји кои го користат еврото како официјална валута на почетокот на следната година, пренесува БНТ Њуз.

    Во главниот град Софија, демонстрантите се собраа на централниот плоштад каде што се наоѓаат зградите на парламентот, владата и претседателството. Скандирајќи „Оставка“ и „Мафија“, тие го повикаа кабинетот на малцинската коалиција на Жељазков да се повлече.

    Студентите од универзитетите во Софија се придружија на протестите, за кои организаторите рекоа дека се побројни од митинзите од минатата недела на кои се собраа над 50.000 луѓе. Медиумските проценки, базирани на снимки од беспилотни летала, го ставаат бројот на демонстранти на над 100.000.

    Во сржта на фрустрациите на демонстрантите е улогата на бугарскиот политичар и олигарх Дељан Пеевски, кој е санкциониран и од САД и од Велика Британија, а чија партија Нов почеток ја поддржува владата. Пеевски е обвинет од противниците дека помага во обликувањето на владината политика во согласност со олигархиските интереси.

    Вечерта на 10 декември 33 лица биле приведени на безбедносните контролни пунктови за време на протестот во Софија. Меѓу приведените имало лица кај кои била пронајдени дрога, ножеви, пиротехнички средства и канистри со спреј.

    Шеснаесетгодишник бил запрен со експлозивни направи, додека кај 30-годишен маж биле пронајдени нож и боксирачи. Тој е познат и на полицијата, објави Софиската дирекција на Министерството за внатрешни работи. Софската полиција за БНТ Њуз изјави дека двајца од приведените носеле големи суми пари: едниот имал 1.500 евра и дополнителен износ во левови, додека друг имал 10.000 лева.

    Еден од приведените веќе бил баран од полицијата. „Ја контролираме ситуацијата во која околу 50-60 лица покажуваат агресивно однесување во близина на улицата Врабча“, изјави директорот на Софиската дирекција на Министерството за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов.

    „Нивниот профил одговара на организирани навивачки групи и таканаречени „локални жители““, додаде главниот комесар Николов. Тој им се заблагодари на граѓаните кои мирно протестираа. Според него, околу 40 лица беа приведени за време на претходниот протест во центарот на Софија.

    Бугарија наскоро ќе стане 21-ва членка на еврозоната, евровалутна унија што е клучен проект на ЕУ насочен кон продлабочување на врските меѓу земјите-членки. Балканската земја со 6,4 милиони жители треба да го направи преминот од својата национална валута, левот, на еврото на 1 јануари.

    Previous ArticleЛовро Јотиќ е успешно опериран, Вејин повеќе не е дел од ГРК Охрид
    Next Article „Дедо мраз дојде со воз“: специјална новогодишна театарска претстава за деца на Железничка станица – Скопје

    Поврзани вести

    Вучиќ: Немаме добри вести за НИС, не добивме позитивна одлука од САД, но нема паника кога станува збор за горивото

    02/12/2025

    Гори зградата на „Вјесник“ во Загреб, пожарот и утрово не е целосно изгаснат

    18/11/2025

    Зетот на Трамп, Кушнер, нема да плаќа ниту евро закуп за Генералштабот во Белград, откриваат српските медиуми

    14/11/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Македонија и Македонците постојат во светските архиви пред Коминтерната, Сталин и Тито

    Првата понуда од С. Арабија за Салах е 2,8 милиони евра неделно!

    Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски

    (Видео) Бившата на Дикаприо во „опасен“ корсет од 3.800 евра: Покажа многу повеќе од очекуваното

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.