Градоначалникот на Општина Пехчево, по повод новогодишните и божиќните празници, ги посети членовите на Спортскиот клуб во Пехчево и им упати искрени честитки, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во претстојната година. Во духот на празничната атмосфера, градоначалникот на членовите на клубот им подари и скромни подароци како знак на поддршка и благодарност.
Во своето обраќање беше истакната важната улога на ентузијазмот и посветеноста на наставниците Душка Поповска и Андреј Митровски, како и упорноста и трудот на сите 45 членови на клубот од Пехчево и Берово, кои заедно придонесуваат за континуиран развој и унапредување на спортот во општината.
Спортскиот клуб успешно функционира веќе три години и претставува позитивен пример за младинско организирање и спортска активност. Од Општина Пехчево изразија надеж дека клубот и во иднина ќе продолжи со својата работа, со уште поголем број на членови и уште поголеми успеси, на гордост на целата локална заедница.

