Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Делчево подготвено ги дочекува врнежите од снег
    Македонија

    Делчево подготвено ги дочекува врнежите од снег

    08/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во Oпштината се подготвени за првите снежни врнежи.

    Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево ќе го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка и потпишаниот Договор со економскиот оператор, како најповолен понудувач кој ќе постапува согласно со потребите на Општината и Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево за 2026 г. За зимско одржување на локалните улици и патишта, Општина Делчево има издвоено 354.000 ден. вредност со пресметан ДДВ.

    Согласно со Планот и предвидената приоритетна листа на зимско одржување патишта и улици, се опфатени патишта со асфалтен коловоз од 88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,83 км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

    Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снегот да достигне 10  сантиметри  за сообраќајниците од прв и втор приоритет и 15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со планот, со посебно внимание на: острите кривини, стрмните косини, мостовите, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.

    Одржувањето и чистењето на тротоарите и јавните површини во градот е обврска на ЈКП „Брегалница“ Делчево, од каде информираат дека претпријатието е подготвено,  а по потреба сукцесивно ќе се набавуваат дополнителните количини на ризла и сол.

    Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

     

               ПРИОРИТЕТНА ЛИСТА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ

                   

    ПАТИШТА

    Прв приоритет:

    Л-14 пат до с.Стамер,

    Л-15 пат до с.Град,

    Л-16 пат до с.Вирче,

    Л-17 пат до Стар Истевник

    Л-3 пат до с.Драмче

    Л-2 пат до с.Ветрен

    Л-10 пат до с.Илиово-Турија

    -Никола Јонков Вапцаров,

    -Мито Хаџивасилев Јасмин,

    – Улица 4 ЦГП (кон пешачки мост)

    – Улица 3 ЦГП (кон градски пазар)

    Пешачки мост „Гоце Делчев“ во ЦГП

    Втор приоритет:

    -Браќа Миладиновци,

    -Велко Влаховиќ,

    -Кирил и Методиј,

    -Кеј на ослободување,

    -Кеј на Брегалница,

    -Орце Николов,

    -Индустриска,

    -Солунска,

    -Иво Лола Рибар,

    -Мирче Ацев,

    -Плачковица,

    -Видое Смилевски- Бато

    -улиц 6 (ЦГП)

    -улици 3,5 и 6 во населба „Пролет“

    Трет приоритет,

    Сите останати улици во Делчево и улиците во другите населени места.

    Previous ArticleМицкоски: Наш приоритет не се изборите
    Next Article Видео Бадниковата литија(Бадникова поворка) во Берово 2026 година

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.