Селото Ѕвегор, во општина Делчево, и годинава ќе биде домаќин на една од најавтентичните и најстарите народни манифестации во регионот – „Ѕвегорска Сурова 2026“, која ќе се одржи на 14 јануари (среда), на денот кога традиционално се одбележува Старата Нова година.
Оваа манифестација, која со децении се пренесува од генерација на генерација, претставува симбол на народната култура, верувањата и обичаите поврзани со истерување на злото и повикување на здравје, бериќет и среќа во новата година.
Богата програма исполнета со традиција и обичаи
Настанот започнува во 00:00 часот со спремање на маските во селскиот двор, по што следуваат низа традиционални активности:
- 04:00 часот – Тргнување на суроваскарите
- 05:00 часот – Собирање на поворката на патот на селото
- 09:00 часот – Утрински оброк на суроваскарите во училишната зграда
- 09:30 часот – Гостување на првите талами, зурли и прогласување на посетата по куќи
- 11:30 часот – Завршување на кругот низ селото и излегување на главната селска улица
- 13:00 часот – Поклонување и претставување на маски, дефиле на суроваскари пред селскиот дом
- 14:00 часот – Движење по главната селска улица
- 19:00 часот – Вечера и прослава за сите гости, избор на кум и старешина за наредната година
Видео: Delcevo365.mk

