Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец
    Култура

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: општина Делчево

    „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и младоженецот, белаците, бабите, мечките, го бркаа лошото од Пијанец, благословувајќи ги домаќините со сурова-млада и здрава нова година и прославувајќи ја Старата нова година.  Зачувувајќи ја автентичната традиција на весела свадбена поворка збогатена со многу нови ликови,  шеесетина маски и годинава дефилираа низ селото не одминувајќи ниту една куќа во него.

    Извор: Портал Delcevo 365

    „Сурова“ во Ѕвегор е уникатна по многу нешта. Еротските игри асоцираат на плодноста, старите баби и мечкарите им помагаат на болните, а се црнат присутните и гостите за здравје. Белаците се војска кои со дрвени сабји и пушки ја чуваат невестата  предвреме откриена. Суроваскарите го завршија танцот во селото доцна попладнето и на трпеза подготвена од кумот на свадбата, ќе се открие невестата и ќе паднат сите маски од годинешната Сурова. Локалниот обичај под маски го проследија стотици вљубеници на традицијата, а и годинава присуствуваа гости и од соседна Бугарија.  

    Градоначалникот Иван Гоцевски кој го потенцираше значењето на ова живо културно наследство, кое по автентичноста и богатството на маски, етнолозите го нарекуваат Пијанечко Вевчани.

    –Мене ме радува што последниве години многу млади од ова село Ѕвегор ја продолжуваат традицијата со што се обезбедува иднината на овој култен обичај под маски чија цел е да се продолжи вековната традиција и да се избрка злото во некрстените денови. Во оваа прилика, сакам да му честитам на Организацискиот одбор на „Сурова“ и на кумовите и на сите жители на Ѕвегор кои се издигнаа над болката поради загубата на двајцата жители од селото во големите пожари во клубовите во Кочани и во Кран Монтана и ја продлжија вековната традиција посветувајќи ја годинешната „Сурова“ во нивна чест. На сите посакувам среќна Стара нова година и овој убав обичај под маски да живее-Нека е за многу години,порача Гоцевски.

    Видео: Портал Delcevo 365

    Previous ArticleОпштина Делчево со засилени активности за чиста и безбедна животна средина
    Next Article Видео репортажа од Ѕвегорска Сурова 2026

    Поврзани вести

    Улогите по кои ќе го паметиме Роберт Дувал

    17/02/2026

    „Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    17/02/2026

    Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.