Close Menu
Malesh
    Актуелно

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    Советот на Европа предупредува на неказнивост и корупција во Малта по пресудата за убиството на Дафне Каруана Галиција

    Врховниот суд ја укина пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци, осудените ќе излезат од затвор

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Возачи протестираа на граничниот премин Делчево
    Економија

    Возачи протестираа на граничниот премин Делчево

    26/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    – Околу 50 возачи на товарни возила денеска излегоа на мирен протест на граничниот премин Делчево, со кој дадоа поддршка на барањата на нивните колеги од земјите на Западен Балкан, поврзани со ограничувањето на престојот во Шенген зоната на 90 дена во период од 180 дена.

    Протестот е реакција на воведувањето на електронскиот систем за евиденција на влез и излез (Entry/Exit System – EES), кој, според возачите, ќе резултира со тоа голем број професионални возачи да го надминат дозволениот број денови и да им биде оневозможен влез во земјите од Шенген зоната.

    -Досега имавме повеќе флексибилност во бројот на денови, но со новиот електронски систем од април, речиси сите возачи ќе имаат прекорачен престој. Се работи за 80 до 90 проценти од возачите кои реално ќе се соочат со забрана за влез, изјави еден од учесниците на протестот.

    Тој посочи дека авионскиот и бродскиот сообраќај се изземени од ваквите ограничувања, додека патниот, односно патничкиот и товарниот транспорт, не е.

    -Економијата на земјите од Западен Балкан во голем дел се потпира на патниот транспорт. Нашите возачи практично ја движат трговијата и снабдувањето. Затоа бараме да бидеме изземени од ова правило или да се најде посебно решение за професионалните возачи“, нагласи тој додавајки дека на протестот поддршка имале и од главните луѓе на Волво транспортот за Македонија.

    Возачите порачаа дека протестите се предупредувачки и оти очекуваат институциите и надлежните европски тела да го земат предвид нивниот проблем, во спротивно најавуваат можност за поригорозно делување на протестите.

    Previous ArticleПолошките општини потрошиле над 275 илјада евра за зимско оддржување на патиштата
    Next Article Во Пехчево се одржа трибина на тема ” Македонските великани зборуваат денес”

    Поврзани вести

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026

    (Фото) НАЈВАЖНИТЕ ДАТУМИ ВО 35 ГОДИШНАТА САМОСТОЈНОСТ

    08/09/2026

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    Советот на Европа предупредува на неказнивост и корупција во Малта по пресудата за убиството на Дафне Каруана Галиција

    Врховниот суд ја укина пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци, осудените ќе излезат од затвор

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Младите од Овчарани, Леринско, запеаја македонски патриотски песни (ВИДЕО)

    05/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.