Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ ќе се одржи на 18 февруари во Скопје

    Студентите со рекации на изјавата на министерката Јаневска за укинување на Меѓународни и интеркултурни студии

    Франција со меѓународен повик ќе ги бара жртвите во случај на сериски педофил

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»ПРЕВЕНТИВНА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИ ВО БЕРОВО: ПОЛИЦИЈАТА АПЕЛИРА НА ВНИМАНИЕ ОД ИЗМАМИ И КРАЖБИ
    Македонија

    ПРЕВЕНТИВНА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИ ВО БЕРОВО: ПОЛИЦИЈАТА АПЕЛИРА НА ВНИМАНИЕ ОД ИЗМАМИ И КРАЖБИ

    30/01/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На 30 јануари 2026 година, во периодот од 15:00 до 16:00 часот, во просториите на Здружението на пензионери во Берово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово реализираа превентивна едукативна средба со пензионери.

    Средбата беше организирана во рамки на превентивните активности на МВР, под мотото „Градиме пријателство – создаваме безбедност“, со цел информирање и заштита на постарите лица од измами, кражби и други имотни деликти.

    На присутните им беше презентирана актуелната состојба со имотни измами на подрачјето на СВР Штип, при што беше посочено дека најчести таргети на ваквите кривични дела се повозрасните лица, кои неретко се доведуваат во заблуда преку лажно претставување и инволвирање на блиски членови од семејството, со цел изнудување парични средства.

    Полициските службеници дадоа конкретни совети за самозаштита, меѓу кои: внимателност при движење на јавни места, задолжително затворање на вратите и прозорците при напуштање на домот, чување на вредните предмети на безбедно место, како и пријавување на секоја сомнителна појава во полиција. Посебно беше нагласено дека не треба да се објавува отсуство од домот на социјалните мрежи, како и никогаш да не се оставаат врати отклучени.

    Во делот на џебните кражби, на пензионерите им беше укажано да носат со себе само неопходна сума пари, паричникот и мобилниот телефон да ги чуваат во предните џебови, а торбите секогаш да бидат затворени. Во случај на сомнеж или забележување на необични детали, како тетоважи, белези или однесување на сомнителни лица, веднаш да се контактира полицијата.

    Посебен акцент е даден на актуелните случувања на територијата во однос на зголемениот број на телефонски измами кај пензионерите, нивно информирање за најчестите начини на извршување на овие кривични дела, како и укажување на мерките за самозаштита и правилно постапување при сомнителни телефонски повици.

    Во рамки на кампањата, присутните пензионери беа запознаени со: најчестите видови телефонски измами (лажно претставување како полиција, лекари, роднини, банки); начини за препознавање на измамнички повици; значењето на непредавање пари или лични податоци по телефон; потребата од навремено пријавување на вакви настани во полиција. На присутните им беше укажано дека надлежните институции никогаш не бараат пари или лични податоци по телефон и дека секој сомнителен повик треба веднаш да се пријави на бројот 112 или во најблиската полициска станица.

    На присутните им беше потенцирана важноста од навремена соработка со полицијата и пријавување на сите настани на бесплатните телефонски броеви 192 и 112. За таа цел, беа поделени и летоци со едукативни содржини за препознавање и заштита од измами, провални и џебни кражби.

    Од страна на полициските службеници беше нагласено дека ваквите превентивни активности ќе продолжат и во иднина, со цел зголемување на безбедноста и информираноста на граѓаните, особено на повозрасната популација.

    Previous ArticleСОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЈА ПУШТИ ВО ФУНКЦИЈА ДИГИТАЛНАТА ПЛАТФОРМА OPSTINSKISOVET.MK
    Next Article Александар Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизирам заедно нив

    Поврзани вести

    Промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ ќе се одржи на 18 февруари во Скопје

    11/02/2026

    Студентите со рекации на изјавата на министерката Јаневска за укинување на Меѓународни и интеркултурни студии

    11/02/2026

    Се рушат дискотеките во Градски парк, се подготвува теренот за новиот Луна парк

    11/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ ќе се одржи на 18 февруари во Скопје

    Студентите со рекации на изјавата на министерката Јаневска за укинување на Меѓународни и интеркултурни студии

    Франција со меѓународен повик ќе ги бара жртвите во случај на сериски педофил

    Матиќ: Го почитуваме Арисими! Ислами: Да покажеме карактер против Вардар!

    НАЈЧИТАНИ

    СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    04/02/2026

    Уапсен измамник во Струмица, со приказната за лажните сообраќајки измамил две возрасни жени

    09/02/2026

    Под притисок од санкциите, американската групација „Карлајл Груп“ се согласи да ги купи глобалните средства на „Лукоил“

    29/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.