Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Тие чекаа среќа со години: Сега товарот паѓа од нивните рамена засекогаш

    Цената на нафтата се доближи до 100 долари за барел

    (Фото) Кралицата на раскошните облини се разголи: Ги почасти обожавателите со жешки фотографии за својот 60-ти роденден

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Стоилковиќ: Кој прима плата во Министерството за односи меѓу заедниците, мора да доаѓа на работа
    Политика

    Стоилковиќ: Кој прима плата во Министерството за односи меѓу заедниците, мора да доаѓа на работа

    29/01/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Хасани го праша Стоиљковиќ за врските со Србија и Москва, но и за бркање од работа и поплаките за лошите услови во кои работеле вработените.

    „Дваесет години го раководите министерството, кое 20 години не е министерство, туку беше Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, па дури последните години стана министерство. Вие се повикавте дека тоа министерство се грижело за еднаквоста на граѓаните. Кога ќе кажете такво нешто, а не го поткрепувате со аргументи, тогаш работите стануваат сосема поинакви. Значи станува збор за министерство со систематизација од 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци. За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници, кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи исто така принципот за правична застапеност. Претпоставувам дека ниту вие, ниту оние кои го воделе министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале“, вели Стоилковиќ.

    Тој посочи дека пред десетина години, кога генерален секретар на Владата бил Кирил Божиновски добил кривична пријава и седум години е по судовите, бидејќи голем дел од примените работници не оделе на работа, а примале личен доход.

    „И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам по тој пат и тие што примаат плата со години, а некои и со децении, не оделе на работа, да добијам кривична пријава и за време и дури подоцна да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек“, вели Стоилковиќ.

    Вицепремиерот Стоилковиќ е дециден дека тој што прима плата мора и да оди на работа. Тој додаде дека ниту еден раководител не е поместен од својата работна позиција, туку дека само еден раководител е казнет со 20% на плата, бидејќи, како што рече, му подметнувал документи. Посочи дека за видеоснимките кои беа објавени, а на кои се гледа како спијат вработени во канцеларија условите за работи им биле одлични, а не како што се жалеле дека немале никакви услови. Овој заклучок го донеле надлежните инспектори, кои дошле да направат увид. Тој повтори дека нема веќе седење по дома и да се прима плата и како што рече – „ако тоа е нечовечки однос, да прифаќам“.

    Што се однесува за врските со Белград и Москва што ги има Стоилковиќ рече дека не е ништо спорно.

    „За Москва ќе ве потсетам дека мојата ќерка живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу голем пријател, како што се сеќавам. Така што заборавете на инсинуациите. Што се однесува до Белград, ќе ве потсетам дека ја почестивте македонската држава и македонската јавност на најголемиот христијански празник Божик со Тиранска платформа. Па каде вие одевте вие – во Авганистан, или во Тирана? Каде да одам јас, во матичната држава, или некаде на трето место?“, рече Стоилковиќ.

    Тој повтори дека во ова министерство веќе нема играње фудбал по канцелариите или пак спиење на работните места.

     

    Previous ArticleГолем двоен меѓународен успех на познатата штипска оперска пејачка Виолета Арсовска
    Next Article Николоски: Двата изградени километри од Скопје до Блаце, ќе бидат предмет на работа на новиот јавен обвинител

    Поврзани вести

    Европска иднина, силна држава и одговорност кон идентитетот, порака од државниот врв за 35 години независна Македонија

    08/09/2026

    Помодерна и побогата, но со сè помалку жители, статистички портрет на 35 години независна Македонија

    08/09/2026

    Божиновска: Со Вертикалниот коридор се позиционираме како енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа

    08/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Тие чекаа среќа со години: Сега товарот паѓа од нивните рамена засекогаш

    Цената на нафтата се доближи до 100 долари за барел

    (Фото) Кралицата на раскошните облини се разголи: Ги почасти обожавателите со жешки фотографии за својот 60-ти роденден

    Силјан: Орденот се носи на градите. Слободата се носи како одговорност

    НАЈЧИТАНИ

    (Фото) НАЈВАЖНИТЕ ДАТУМИ ВО 35 ГОДИШНАТА САМОСТОЈНОСТ

    08/09/2026

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    07/09/2026

    Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат

    05/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.