Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    Изложба во Јавна соба „Од цитат кон толкување“: Љупчо Јованов – Љубац за симболите, слободата и внатрешната светлина

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски на увид во „Невена Георгиева – Дуња“ најави шест училници и санитарни јазли
    Политика

    Мицкоски на увид во „Невена Георгиева – Дуња“ најави шест училници и санитарни јазли

    10/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што беше појаснето во изјава за медиуми, со доградба се обезбедуваат околу 560 метри квадратни проширување на просторот – шест нови училници, нови санитарни јазли и значително подобрени функционални услови. Беше нагласено дека со овој чекор се создаваат услови за поквалитетен наставен процес во ова училиште.

    Премиерот Мицкоски изјави дека задоволство е секогаш кога се прави увид на ваков тип на проекти.

    „Тоа е дел од суштината на политиките што ги води оваа Влада и добро е што десетици вакви објекти заедно со градинките за децата од предучилишната возраст, се стотици вакви објекти што се градат низ цела држава. И јас сум навистина задоволен што гледам дека сите тие напредуваат. Со градоначалничката разговаравме дека со почетокот на новата учебна година и оваа доградба треба да биде готова и да биде ставена во функција“, подвлече премиерот.

    Мицкоски рече дека со сите градежни активности, со сите капитални инвестиции, тие практично го решаваат акутниот проблем со простор за ученици онаму каде што е потребно и посака уште многу вакви објекти да се реализираат во иднина.

    Градоначалничката посочи дека ова е инвестиција насочена кон подобрување на условите за настава и одговор на зголемениот број ученици во ова училиште.

    „Имено, во моментов тука настава посетуваат 705 ученици, бројка што е зголемена за 150 ученици во овие три години“, додаде Стаменкоска – Трајкоска.

    Таа појасни дека со доградбата се обезбедуваат околу 560 метри квадратни проширување на просторот – шест нови училници, нови санитарни јазли и значително подобрени функционални услови, со што се создаваат услови за поквалитетен наставен процес.

    „Паралелно, и ние, како општина, вложуваме и во одржливи и долгорочни решенија. Поставивме фотоволтаици во ова и во сите други училишта, а за сите училници и за училишната спортска сала обезбедивме пречистувачи на воздух, со цел поздрава и побезбедна средина за учениците. Овој проект не е изолиран зафат, туку дел од континуиран пристап кон унапредување на образованието. Би сакала да споменам и дека во текот на летниот период беше реновирана и училишната библиотека со нова читална“, истакна таа.

    Стаменкоска – Трајкоска им се заблагодари на премиерот, Владата и на министерката за, како што рече, поддршката и партнерскиот однос.

    Задоволство од денешниот настан изрази и министерката Јаневска, која рече дека ова е само еден проект на кој моментално се работи. 

    Previous ArticleТрендафилов: Пратениците дошле порано на работа за да не се соочат со работниците
    Next Article Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формула за доенчиња

    Поврзани вести

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    07/09/2026

    Села го демантира Касами дека планира да влезе во Владата

    07/09/2026

    Николоски: Очекуваме градскиот воз да ја надмине бројката од преку 100 илјади патници

    06/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    Изложба во Јавна соба „Од цитат кон толкување“: Љупчо Јованов – Љубац за симболите, слободата и внатрешната светлина

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    Младите повторно купуваат ЦД-а, продажбата расте

    НАЈЧИТАНИ

    Силен град го побеле беровскиот регион

    02/09/2026

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    07/09/2026

    Драма во Пехчево: Маж во ноќните часови седел со друга жена, ги затекнала сопругата

    06/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.