Силен ветер денеска откорнал лимена конструкција од кровот на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и ги кренал лимените делови од кровот на една градинка во градот, информираа од Центарот за управување со кризи.
Од таму посочуваат дека во двата настани немало повредени лица, а побарана била интервенција од МВР и надлежните институции.
„За настанот се известени Противпожарната бригада, Општината Гевгелија, и полициската станица, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности“, велат од ЦУК.
Силниот ветер во скопската котлина беше причина за паднати дрвја и искинати кабли на шест локации, каде настрадале повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Во текот на ноќта, и во Тетовскиот регион во селата Нераште и Глоѓи се паднати се две бандери од Телеком, .
Во Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот, но во Глоѓи е преку патот, заради што е известен Телеком, а проблемот ќе се решава во текот на денот, посочуваат од ЦУК.
