Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Меѓународните новинарски организации загрижени поради одлуката на Апелацискиот суд во случајот меѓу ИРЛ и Кочо Анѓушев
    Македонија

    Меѓународните новинарски организации загрижени поради одлуката на Апелацискиот суд во случајот меѓу ИРЛ и Кочо Анѓушев

    26/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Најголемите новинарски организации во светот, Меѓународната федерација на новинари (МФН) и Европската федерација на новинари (ЕФН) денеска реагираа на вчерашното одлука на Апелацискиот суд за отфрлање на жалбата на ИРЛ во случајот Анѓушев против Сашка Цветковска и ИРЛ. Медиумските органзации изразија загриженост и сметаат дека судскиот притисок врз независното новинарство во овој случај ќе има далекусежни последици врз слободата на медиумите во Македонија, информираше денеска ССНМ.

    Станува збор за предмет за клевета и навреда, во кој тужител е поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев, а тужени се Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска, во врска со истражувачкиот документарец „Заговор против воздухот“, емитуван во 2021 година.

    Генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари, Ентони Беланжер вели дека оваа одлука претставува опасен преседан за слободата на печатот во Македонија и Европа.

    „Меѓународната федерација на новинари ја осудува одлуката на Апелацискиот суд да ја потврди првостепената пресуда во која редакцијата на ИРЛ е осудена за клевета. Ниеден суд не може произволно да дефинира кој е новинар или што претставува медиум, особено кога работата за која станува збор јасно спаѓа во рамките на истражувачкото новинарство и е емитувана на национален јавен канал“, вели Беланжер.

    Претставникот на организацијата која претставува 600.000 новинари во светот додава дека со тврдењето дека невладината организација не може да произведува новинарска содржина, Судот го отвора патот за институционализирана цензура. Барањето медиумот да чека бесконечно одговор пред објавување е еднакво на давање на вмешаните лица право на вето врз информации од јавен интерес.

    Беланжер предупредува дека ова е спротивно на европските стандарди за слобода на изразување.

    „Меѓународната федерација на новинари е со ИРЛ, Сашка Цветковска и ССНМ, ги повикуваме властите да обезбедат судовите да ги почитуваат уставните принципи и европската судска пракса што го штити новинарството, без оглед на неговиот организациски модел“, рече тој.

    Генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез не ја крие огорченоста од граѓанската пресуда и смета дека оваа одлука ги охрабрува политичките власти еднострано да одлучуваат кој е новинар или која организација заслужува статус на медиум.

    „Европската федерација на новинари, која претставува 300.000 новинари во 44 европски земји, вклучувајќи ја и Македонија го осудува овој опасен авторитарен потег. Во демократијата, не е до властите да одлучуваат кој е новинар и што претставува медиум“, рече Гутиерез.

    Тој додава дека Апелацискиот суд донел пресуда што е целосно спротивна на фактите бидејќи е очигледно дека ИРЛ е медиум и дека неговите новинари произведуваат новинарски содржини и го надминува легитимниот опсег на своите овластувања сугерирајќи политичко дејствување што е репресивно и спротивно на сите европски правни стандарди за слободата на печатот.

    „Бараме темелна ревизија на оваа пресуда, која е исто толку орвеловска, колку што е и погрешна“, вели генералниот секретар на ЕФН.

    Previous Article„Блокадафест“ пред влезот на Усје, осумчасовен протест со музичка програма
    Next Article Јапонската амбасада организира работилница за оригами

    Поврзани вести

    Татјана Стојановска од Канал 5 преминува во Алфа, Јанко Илковски се приклучува на „Колегиум“

    22/10/2026

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    22/10/2026

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.