Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Мицкоски од собраниска говорница рече дека СДСМ е „мекото ткиво на македонскиот национален идентитет“
    Македонија

    Мицкоски од собраниска говорница рече дека СДСМ е „мекото ткиво на македонскиот национален идентитет“

    26/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието, му порача на лидерот на опозицијата Венко Филипче дека неговата влада немала да води, како што рече, „мекотелна политика“.

    „Вие сте мекото ткиво. Сè додека давате вакви изјави ќе имаме политичари од Бугарија кои ќе знаат дека имаме меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете да постигнете ништо со тоа. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој бил мекото ткиво од партијата која била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата, од Охрид сте, знаете точно што сакам да кажам, кој и како ги предавал моштите“, наведе Мицкоски.

    Филипче го праша премиерот кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул во Белград и дали има лична релација со него, а изнесе критики со потпрашања за барањата за зголемување на платите, забележувајќи му дека рекол оти треба да се почитуваат законите, но направил линеарно зголемување на пензиите. Упати критики и за состојбата во земјоделството, енергетиката, новиот закон за високо образование, евроинтеграциите.

    Мицкоски рече дека оваа Влада ги покачила пензиите и договорила раст на платите со партнерите во јавниот сектор и потенцираше дека ќе продолжи да работи во интерес и на пензионерите и на работниците.

    „Жал ми е што не ја научивте лекцијата и удирате повторно по групата на луѓе кои за време на транзицијата некои ваши претходници ги оставија на улица, а денеска се пензионери и голем дел од нив станаа транзициски херои, ограбувајќи го народниот имот на граѓаните, а стотици луѓе на улица како технолошки вишок и за жал пред доаѓањето на оваа влада нивните пензии беа катастрофални, а со доаѓањето на оваа влада пензиите сè уште не се во онаа кондиција онака како што заслужуваат, но колку можевме во рамки на можностите успеавме да заштедиме одредени средства и на пензионерите да им ги покачиме пензиите“, рече Мицкоски.

    Тој дополни дека последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата за минатата година е зголемена за 9,6 проценти, што, посочи, не е доволно и треба да се зголеми, но оти тоа се можностите што сега ги имаме како економија и влада во смисла на тоа да е договорено во јавниот сектор до 2028 година, до кога оваа влада има добиено мандат од граѓаните.

    „После тоа ќе видиме, иако еве уште сега ви кажувам дека и по 2028 година ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а за жал со вакви ненародни политики што ги имате и претставувате меко ткиво на македонскиот идентитет и македонската политичка сцена, со вакви мекотелни изјави и прашања што сега поставувате не гледам како ќе можете да добиете или да повратите малку од онаа супстанца што ја изгубивте кај македонските гласачи“, посочи Мицкоски.

    Previous ArticleФилков до ДУИ: Правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка
    Next Article „Блокадафест“ пред влезот на Усје, осумчасовен протест со музичка програма

    Поврзани вести

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    03/03/2026

    Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Каропш

    03/03/2026

    Инспектор со години управувал хеликоптер со фалсификувана дозвола

    02/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.