Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    Конференцијата на ЈЈИ во Скопје: Коридорите 8 и 10 се едни од најважните инфраструктурни проекти, Западен Балкан не смее да биде заборавен од ЕУ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Филков до ДУИ: Правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка
    Политика

    Филков до ДУИ: Правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка

    26/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро познато. Впрочем и Венецијанска комисијата има дадено негативно мислење на Законот за употреба на јазиците а во моментов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на истиот. Околу употребата на јазикот и она што вие како власт во изминатите 20 години го имате работено должите одговори пред целата јавност. Се надевам дека овие одговори ќе ги дадете Вие а не некој друг во постапка што следи”, истакна Филков.

    Министерот Филков од собраниската говорница  покажа двојазично уверение кое е потпишано од него и истакна дека тоа го прави за секој оној кој тоа ќе го побара .

    ,,Требаше некое време да сфатам на што се должи оваа хистерија која што во изминатиот период беше продуцирана од страна на одредени политички партии, но после онаа епизода ,,Артан Груби се враќа дома”- нештата се многу појаси. Дали некој е националист или не говори ова уверение кое што е двојазично и потпишано од мене, овде лево доле. Секој еден што побарал во Министерство за правда тоа било дозволено, така ќе остане и во иднина. Но она што вие треба да го одговорите денес е што правеа вашите осум министри во изминатите 20 години. Или повторно, одговорот ќе чекаме да дојде од друга страна, во постапка и затоа е цела оваа нервоза и хистерија. Времето на национал-романтизам заврши, денес ќе се работи по Устав и закон. И  уште една работа што е многу битна, со кривичнaта пријава, ама баш никого не плашите“, порача министерот за правда Игор Филков.

    Previous ArticleНиколоски: Владата ќе гради нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
    Next Article Мицкоски од собраниска говорница рече дека СДСМ е „мекото ткиво на македонскиот национален идентитет“

    Поврзани вести

    Конференцијата на ЈЈИ во Скопје: Коридорите 8 и 10 се едни од најважните инфраструктурни проекти, Западен Балкан не смее да биде заборавен од ЕУ

    24/04/2026

    Мицкоски: На следните избори останува техничката влада

    23/04/2026

    Бошњачки демократски сојуз: Нaместо БиХ, на ракометниот турнир Република Српска

    22/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    Конференцијата на ЈЈИ во Скопје: Коридорите 8 и 10 се едни од најважните инфраструктурни проекти, Западен Балкан не смее да биде заборавен од ЕУ

    Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата што ја гради зградата каде што загина работник

    НАЈЧИТАНИ

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    24/04/2026

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.