Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Филипче е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика
    Политика

    Мицкоски: Филипче е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

    26/02/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и сѐ додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија кои што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој што бил мекото ткиво и партијата која што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата од Охрид сте, знаете кој ги предавал и како ги предавал моштите“, дециден е Мицкоски.

    Toj на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи за концесиите за канабис и акцијата која се спроведува, истакна дека истата се спроведува подолг период и правдата ќе си дојде на свое место, а опозицијата ја мачи тоа што доаѓа време за одговорност за сите вклучени лица, па им работи меморијата кој што потпишал или направил.

    „Факт е дека фирма од која се запленија 30 тони има поврзаност со функционер од СДСМ. Оваа влада веќе одзеде шест лиценци. Од информациите со кои располагам уште неколку ќе бидат одземени во периодот кој следи, контролите продолжуваат, очекувам голем број на лиценци да бидат одземени. Но, исто така за мене е поважно што е правено изминатите години откако главната економска политика на претходната влада се темелеше на давање на лиценци и одгледување на цвет од канабис и да не ги заборавиме 150 денари претплата за МРТ кои потоа пет пати ги наплатија. Тоа беше главната економска политика на претходната влада и нормално ширење на хистерија кога сега од опозиција ја прават без да понудат какво било решение“, потенцираше премиерот Мицкоски, одговарајќи на прашање од пратеникот Љупчо Пренџов.
    Премиерот Мицкоски нагласи дека факт е дека фирмата во којашто се запленија повеќе од 30 тона цвет од канабис има роднинска поврзаност со висок функционер на опозицијата од минатото, односно претседател на локална организација во СДСМ во Ново Село и тоа е факт и никој не може да го побие.
    „Не еден килограм, не еден тон, туку 30 тони, факт е дека овие испораки завршуваат до луѓе блиски од претходната влада, но тоа не можам јавно да го зборувам бидејќи е дел од истрагата. Тишината нив ги оптеретува, тие се навикнати на парада, камери, лисици, понижувања, омаловажувања, тие не се навикнати на соопштенија за јавност или кратка изјава и тоа ги мачи затоа што конечно доаѓа времето на наплата на она кое што во назад во времето било погрешено. Ги мачи што гледаат дека нема назад, кога гледаат како камионите се полнат со запленет канабис, се одземаат лиценци. Работи меморијата, секој се преиспитува што направил што потпишал, кој документ, што згрешил тоа е цело време потсвест која ќе продолжи да ги јаде. Сега тие се молат да заврши истрагата побргу за да видат кои се тие, дали се тие или не, дали ќе се покрене постапка овде за одземање имунитет можеби, тоа ги мачи“, изјави премиерот Мицкоски.
    Тој додаде дека има чувство дека голем дел од нив ќе се изненадат затоа што главната економска политика им се водеше на канабисот и затоа и многу им се тие 18 пратеници кои ги добија.
    „Не велам дека имам податоци, но имам чувство дека ќе бидат изненадени за тоа што следува во периодот. А она кое очекувам е правдата да си дојде на свое место и сите одговорни лица да одговараат. Замислете држава во која главната економска политика се темели на канабис, отидоа чекор понапред, сакаа да формираат слободни канабис туристички зони каде ќе биде дозволено користење на марихуана. Овие луѓе и ова им е многу што добија 18 пратеници, после тоа сѐ што направија и тоа им е многу. Не им беше доволно што тони канабис ќе порасне и генерации ќе бидат потенцијални зависници и беа свесни за тоа и решија да направат слободни зони за консумирање на канабис, па спомнуваа Дојран, Охрид и не случајно во тие региони има најмногу плантажи за да нема трошоци за транспорт. На тоа дојде крај и сега следи одговорноста и гарантирам дека одговорност ќе има“, дециден е Мицкоски.
    Премиерот воедно нагласи дека не случајно акцијата е работена подолг период и не случајно почетокот започна кај нашиот северен сосед и тука има можеби дилема зошто баш таму се појави, а можеби одговорот ќе се најде во новата пи-ар стратешка група која ја води политиката во опозицијата или во хотел Парк во центарот на Скопје.

    Previous ArticleГаши не го коментира враќањето на Груби, смета дека политиката не треба да се меша во судството
    Next Article Полицаец вработен како обезбедување во Собранието доби кривична пријава бидејќи возел без дозвола

    Поврзани вести

    Димитриевски: Груби требаше да оди таму каде што е пропишано – во истражниот затвор Шуто Оризари

    02/03/2026

    Претседателката се симна од службениот автомобил да извади пари од банкомат (ВИДЕО)

    02/03/2026

    Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна, нема зошто да се грижиме во моментов

    01/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.