Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»КОЧАНИ ТРИ ДЕНА ЌЕ ТАГУВА И ЌЕ СЕ СЕЌАВА: Објавена програмата за годишнината од трагедијата во „Пулс“!
    Македонија

    КОЧАНИ ТРИ ДЕНА ЌЕ ТАГУВА И ЌЕ СЕ СЕЌАВА: Објавена програмата за годишнината од трагедијата во „Пулс“!

    26/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во пресрет на првата годишнина од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Општина Кочани во соработка со повеќе институции и здруженија подготви тридневна програма за оддавање почит на загинатите и поддршка на повредените.

    Програмата е изготвена заеднички со Здружението на граѓани „16 Март“, ОО на Црвен крст – Кочани, Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“, ЈЗУ ОБ Кочани, советници и НУЦК „Бели мугри“, со цел достоинствено и обединето да се одбележи споменот на жртвите од трагедијата што го потресе градот.

    Во несреќата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа тешко повредени. Овој настан остави длабока трага во колективната меморија на заедницата.

    Градоначалникот Владко Грозданов одржа прес-конференција заедно со членовите на Организацискиот одбор, на која беа презентирани активностите што ќе се реализираат на 14, 15 и 16 март.

    На 14 март ќе се одржат православни содржини посветени на упокоените – молитвено сеќавање и духовно единство во нивна чест, како симбол на почит и тивка болка што сè уште живее меѓу граѓаните.

    Програмата за 15 март е насловена „Кочани Ви благодари“ и е посветена на повредените, како и на сите институции, здравствени установи, здруженија и поединци кои помогнале по трагедијата. Градоначалникот Грозданов истакна дека се испратени официјални покани до здравствените установи кои дале значајна поддршка, а ги охрабри и повредените кои сè уште се во контакт со болниците каде што биле лекувани да ги поканат своите лекари и медицински персонал. Општината најави топол прием, обезбедено сместување и соодветни почести за сите гости.

    Во рамки на свеченоста на 15 март, делегациите од институциите и здруженијата што дале придонес ќе бидат одликувани со статуетки на благодарност. Денот ќе заврши со културно-уметничка програма како симбол на живот, надеж и заедништво.

    На 16 март активностите ќе бидат насочени кон достоинствено оддавање почит на починатите.

    „Младите што трагично ги загубивме заслужуваат почитта да ја искажеме мирно, достоинствено и сплотено – како што доликува на заедница што памети и што се грижи“, порача градоначалникот Грозданов, додавајќи дека овие денови треба да бидат не само сеќавање на болката, туку и поттик за поголема сплотеност, истрајност и мир во заедницата.

    Деталите од целосната програма ќе бидат дополнително објавени од Општина Кочани

    Previous ArticleМеѓународната платформа „Спортски игри за млади“ сега и во Македонија
    Next Article УБАВА ВЕСТ: Мој ДДВ се зголемува од 2100 на 4200 денари?

    Поврзани вести

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    24/04/2026

    Обвинителството испитува дали биле почитувани мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода

    24/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    НАЈЧИТАНИ

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    24/04/2026

    Во просториите на Матичната библиотеката “Кочо Рацин “денеска се одржа промоција на книгата ” Разбудена вода” од авторката Дијана Петкова

    18/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.