Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Почна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ: Инвестиција од 54 милиони денари

    Во Собранието се одржа комеморација за трагедијата во Кочани, одбележувањето на годишнината ќе продолжи и следните денови

    ЕДНА ГОДИНА ОД КОБНАТА НОЌ: Кочани се подготвува за „Светлина што останува“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Претседателот на Иран им се извини на соседните земји за нападите
    Свет

    Претседателот на Иран им се извини на соседните земји за нападите

    07/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека им се извинува на соседните земји кои биле погодени од ирански напади.

    „Им се извинувам… на соседните земји што беа нападнати од Иран“, рече Пезешкијан во говор што беше емитуван на иранската државна телевизија, пренесува Агенцијата Франспрес.

    Истовремено, агенцијата Ројтерс јави дека Пазешкијан додал оти привремениот совет на иранското раководство одобрил одлука Иран да не изведува напади или ракетни удари врз соседните земји, освен ако напад врз Иран не потекнува од нивна територија.

    Овие изјави доаѓаат откако Иран изврши напади врз земји од Персискиот залив кои се домаќини на американски сили, со бранови од ракети и дронови, како одмазда по американско-израелските напади што започнаа минатата сабота.

    Претходно во Саудиска Арабија се сретнаа министерот за одбрана на Саудиска Арабија, принцот Халид бин Салман, и началникот на пакистанската армија, генерал Сајед Асим Мунир. Тие разговарале токму за иранските напади со дронови и ракети и за „заедничките мерки потребни за нивно запирање“.

    Двете земји минатата година потпишаа пакт за меѓусебна одбрана во кој се наведува дека „секој напад врз една од двете земји ќе се смета како напад врз двете“.

    Во соопштение објавено на платформата X, пакистанските вооружени сили наведоа:

    „Двете страни изразија надеж и желба братската земја Иран да покаже претпазливост и мудрост за да се избегне каква било погрешна проценка и да се зајакнат напорите на пријателските земји кои се залагаат за мирно решавање на кризата“.

    Previous ArticleМЗТ Скопје против Пелистер ја почнува големата прослава, „Чкембари“ револтирани!
    Next Article Шест романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

    Поврзани вести

    Европските возачи годишно ќе трошат 220 евра повеќе за гориво, поради конфликтот во Иран

    12/03/2026

    Запалени два танкери со нафта на Блискиот Исток, Иран се закани дека цената ќе оди до 200 долари за барел

    12/03/2026

    Цената на нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите

    11/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Почна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ: Инвестиција од 54 милиони денари

    Во Собранието се одржа комеморација за трагедијата во Кочани, одбележувањето на годишнината ќе продолжи и следните денови

    ЕДНА ГОДИНА ОД КОБНАТА НОЌ: Кочани се подготвува за „Светлина што останува“

    Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

    НАЈЧИТАНИ

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Во рамки на активностите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Берово , на градскиот плоштад „Димитар Беровски“ во Берово се одржа и Хуманитарниот осмомартовски базар

    09/03/2026

    Донација од 14 нови болнички кревети од „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска за Клиничката болница во Штип

    07/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.