Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Кадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!

    Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено небо во Центар

    Лани во земјава 31 работник го изгубил животот во несреќи на работа

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Шест романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“
    Култура

    Шест романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

    07/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Романите: „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски („Три“), „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски („Maкедоника литера“), „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска („Арс Либрис“), „Фобос: деконструиран роман“ од Соња Станковска („Или – или“), „Три Марии: (роман – басма)“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Либрис“) и „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ („Паблишер“) се најдоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2025 година.

    Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав: Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), која при тоа го констатираше фактот дека годинава конкуренцијата меѓу објавените романи е прилично изедначена, што го покажува и фактот дека во најтесен избор влегоа дури шест романи (веројатно најмногу во историјата на „Романот на годината“

    Жири-комисијата ќе го соопшти името на добитникот на годинашната награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок, на 13 март, со почеток во 13 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

    Наградата што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Нејзин генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а таа е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

    Годинава наградата ќе се додели по 27-ми пат, а минатата година неа ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

    Според најавите, годинава свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ ќе се одржи во средината на мај.

    Previous ArticleПретседателот на Иран им се извини на соседните земји за нападите
    Next Article Во обидот за атентат на Киро Глигоров во 1995 година, ЦИА првично сметала дека е вмешана ВМРО-ДПМНЕ

    Поврзани вести

    Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено небо во Центар

    28/04/2026

    Без победник на конкурсот „Горан Стефановски“: Текстовите што ги добивме се скици, немаат целосна драмска структура

    27/04/2026

    „Јон Вардар“ повторно во Африка

    27/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Кадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!

    Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено небо во Центар

    Лани во земјава 31 работник го изгубил животот во несреќи на работа

    МЕГА – СКАНДАЛ: УЕФА судија уапсен за наводен сексуален напад врз малолетник!(ФОТО)

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    26/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.