Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб
    Култура

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со изложбата „Сцени од ателјето“ на Ивана Настеска и концертот на „Дуо Скупи“, македонскиот КИЦ во Загреб приреди вечер исполнета со уметност, со силна синергија на впечатливиот музички и ликовен израз.

    На почетокот на настанот, пред бројните вљубеници во уметноста, се обратија македонскиот амбасадор во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, како и авторката на изложбата, Ивана Настеска и членовите на Дуо Скупи, Јета Старова Мехмети и Ермаљ Мехмети.

    Во своето обраќање, амбасадорот Драган Ѓурчевски ја истакна важноста на културната дипломатија за зајакнување на пријателските односи и продлабочување на соработката меѓу двете земји, нагласувајќи ја улогата на културата во поврзувањето и афирмацијата на националните културни вредности.

    Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска претставувајќи ги уметниците и нивното творештво се осврна на изложбата „Сцени од ателјето“, истакнувајќи дека „преку специфичната чувствителност на акварелот, неговата непредвидливост и слободата што ја нуди, Ивана Настеска успева да го претвори секојдневното во уметничко доживување и да нè потсети дека убавината често се крие во деталите што ги забележуваме само кога ќе застанеме и навистина ќе погледнеме“. Исто така, во своето обраќање, таа ја потенцираше творечката вредност на „Дуо Скупи“ кои преку истражувањето на звучните можности на флејтата и виолината и долгогодишната заедничка работа градат препознатлив камерно-музички израз.

    На отварањето на изложбата Ивана Настеска истакна дека: „ателјето не е само простор во кој се создава уметност, туку и место на тишина, набљудување и разговор со бојата. Токму во таа внимателна средба меѓу уметникот и светот околу него се раѓаат сцените што ги претставувам“.

    По отварањето на изложбата посебна атмосфера на вечерта донесе концертот на „Дуо Скупи“, во кој беа поврзани класичната традиција, современото

    творештво и богатството на македонската и балканската музичка традиција. Внимателно осмислениот репертоар што ги поврзува различните музички епохи и стилови, виртуозната изведба, професионалност, стилска зрелост и длабоко разбирање на камерното музицирање беа наградени со долготрајни аплаузи и бис од публиката.

    Настанот се реализираше како дел од годишната програма на македонскиот културно-информативен центар во Загреб, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

    Текстот Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб е превземен од МАКФАКС.

    Previous ArticleСудскиот совет во 2025 година примил 90 барања за утврдување одговорност на 161 судија
    Next Article Мета ќе плати казна од 25 милијарди долари во Ново Мексико заради загрозување на приватноста на податоците

    Поврзани вести

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

    21/10/2026

    Факултетот за музичка уметност слави 60 години: За роденденот ќе се обединет истакнати музички уметници

    19/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.