Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Николоски на средби во Стејт Департментот, Македонија и САД ќе соработуваат за енергетска транзиција и изградба на коридорите

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА исплати 50.087.531 денари за ВЛТ добивки во февруари!

    (Фото) Класик без кој не можете оваа пролет: Научете како да комбинирате бела кошула

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Василевска на состанок на комисија на ПССЕ: Заштитата на политичарите од насилство е заштита на самата демократија
    Политика

    Василевска на состанок на комисија на ПССЕ: Заштитата на политичарите од насилство е заштита на самата демократија

    10/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Овој феномен беше идентификуван како една од главните закани за демократската стабилност, а пратениците ја усвоија нацрт-резолуцијата која е предвидено да се најде на следното пленарно заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

    Пратеничката Иванка Василевска, во своето обраќање на темата, нагласи дека во земјите на Советот на Европа, избраните претставници се соочуваат со растечки закани, насилство, онлајн вознемирување и говор на омраза, а тоа ги одвраќа особено жените, малцинствата и младите од политика, предизвикува самоцензура и ја намалува довербата во институциите. Оваа секојдневна непријателска средина доведува до самоцензура, промена на одлуките, намалено јавно ангажирање и целосно повлекување од политиката. Кога ова се случува, нагласи Василевска, политичките системи стануваат помалку инклузивни и помалку репрезентативни за општествата на кои им служат.

    Осврнувајќи се на принципите за демократија од Рејкјавик, кои нагласуваат дека политичкиот живот мора да биде слободен од насилство, вознемирување, говор на омраза и дискриминација, Василевска заклучи дека само заложбите не се доволни. Со оглед дека е неопходно да се зајакне разбирањето и справувањето со овој растечки проблем, Василевска ја поздрави препораката на ПССЕ за воспоставување платформа за следење на заканите и насилството врз политичарите на локално и на национално ниво. Според неа, таквиот механизам би собирал и анализирал податоци за инциденти, би идентификувал обрасци и трендови, би помогнал во подобро разбирање на обемот на проблемот и би овозможил поефективни стратегии за превенција и одговор. На крајот, таа истакна дека заштитата на политичарите од насилство не е само заштита на поединци, туку заштита на самата демократијата, бидејќи со создавањето на безбедна и почитувана политичка средина, се зајакнуваат демократските институции и се поттикнува поширокото учество во јавниот живот, односно дека за силни и отпорни демократии, политиката мора да остане простор за отворен дијалог, конструктивна дебата и еднакво учество.

    Како продолжение на состанокот на Комисијата за политички прашања и демократија, се одржа состанок на поткомисијата за Западен Балкан, со која претседаваше италијанскиот пратеник Пиеро Фасино. Беше потенцирана важноста на регионот за Европа и беше нагласена потребата од поинтензивни контакти со високи претставници на сите држави од регионот, со цел подобро запознавање со актуелните случувања и можностите за забрзување на процесот на европска интеграција.

    Василевска во своето обраќање пред членовите на поткомисијата се осврна на затворањето на постмониторинг дијалогот на државата со Советот на Европа како значаен позитивен чекор, а во однос на проширувањето ја нагласи потребата од оценување на кандидатите според постигнатите заслуги, односно спроведувањето на реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми. Таа ја акцентираше важноста од исполнувањето на Реформската агенда со јасни и темелни насоки во однос на развојот на евроинтегративниот процес, а во исто време го потенцираше значењето од препораките од Венецијанската комисија и од ГРЕКО кои значајно влијаат на развојот на јавните политики и ја зајакнуваат борбата против корупцијата и криминалот, како и за независноста на судската власт во државата. Таа истакна дека и во иднина државата продолжува да биде конструктивен партнер и жесток поборник за заштита на демократските вредности кои ги обединуваат сите државни членки во Советот на Европа. Василевска ја истакна и работата на мешовитиот парламентарен комитетот помеѓу Македонија и ЕУ каде постои недвосмислена заложба за правичен и неселективен пристап во однос на евроинтеграциите на целиот регион т.е. мерит-системот. Во ера кога безбедносната архитектура на европскиот континент е под сериозна закана, Македонија постигна целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

    На крајот на состанокот беше предложено еден од следните состаноци да се одржи во Загреб, како демонстрација на силната поддршка на Хрватска на европската интеграција на државите од Западен Балкан. 

     

    Previous ArticleПремиера на претставата „Мачкина глава“ во Драмски театар
    Next Article Пет комисии ќе заседаваат денес во Собранието

    Поврзани вести

    Пет комисии ќе заседаваат денес во Собранието

    11/03/2026

    Лафчиски во Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД

    10/03/2026

    Муцунски: Од ЕУ очекуваме да биде предвидлив партнер онаков како што сме ние

    09/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Николоски на средби во Стејт Департментот, Македонија и САД ќе соработуваат за енергетска транзиција и изградба на коридорите

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА исплати 50.087.531 денари за ВЛТ добивки во февруари!

    (Фото) Класик без кој не можете оваа пролет: Научете како да комбинирате бела кошула

    Oбјавена книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски – клучно дело за македонистиката

    НАЈЧИТАНИ

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    06/03/2026

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    06/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.