Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Во Собранието се одржа комеморација за трагедијата во Кочани, одбележувањето на годишнината ќе продолжи и следните денови

    ЕДНА ГОДИНА ОД КОБНАТА НОЌ: Кочани се подготвува за „Светлина што останува“

    Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Во Собранието се одржа комеморација за трагедијата во Кочани, одбележувањето на годишнината ќе продолжи и следните денови
    Македонија

    Во Собранието се одржа комеморација за трагедијата во Кочани, одбележувањето на годишнината ќе продолжи и следните денови

    12/03/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Фото: Фејсбук на Африм Гаши, претседател на собрание на РМ
    Денеска во Собранието на Македонија се одржа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе.
    На коморацијата присуствуваа семејствата на жртвите од катастрофалниот пожар, како и највисокиот државен врв, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши.
    Седницата започна со едноминутно молчење, а на присутните им се обрати претседателот на Собранието, Гаши. Тој рече дека трагичната ноќ на 16 март 2025 година остави длабоки рани во совеста на целото општество.
    „Оваа трагедија е и момент за размислување за сите нас и дека сеќавањето на изгубените животи треба да служи како повик за поголема одговорност, правда и совест во секоја институција и при секое донесување одлуки. Благодарни сме на сите оние кои во најтешките денови покажаа хуманост и солидарност: лекарите, медицинските сестри, пожарникарите, полицијата, волонтерите, Црвениот крст и граѓаните кои се мобилизираа за да помогнат“, рече Гаши и им се заблагодари и на пријателските држави кои ги отворија вратите и понудија помош за нашите повредени.
    Тој нагласи дека нема зборови или гестови кои би можле да ја ублажат болката, како и дека болката на семејствата на жртвите е и болка на сите нас. Им се обрати и на институциите од кои побара да се утврди одговорноста на сите кои дозволија да се загубат толку млади животи.
    „Правдата не треба да биде ниту пребрза ниту задоцнета. Само вистината и правдата можат да донесат барем мал спокој за семејствата и за општеството“, нагласи Гаши.
    Премиерот Мицкоски денеска напиша дека беше дел од комеморативната седница во Собранието во чест на 63-те жртви од трагичниот пожар во Кочани.
    Фото: Собрание на РМ
    „Во споменот на оние кои ги загубија животите, се сплотуваме во тага, но и во надеж за посигурна иднина“, рече Мицкоски.
    Дел од семејствата на жртвите кои беа присутни, не беа задоволни од начинот на кој Собранието ја одбележа годишнината од трагедијата. Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица, рече дека не очекувале одавањето почит на децата да биде со еден краток говор.

    „Ова е уште една голема рана за нас родителите. После една година, комеморација и со две страници читање на напишан текст е големо разочарување. Очекувавме за секое дете да има барем по две минути, со текст за секој посебно, но за жал, ниту едно дете не беше спомнато со име и презиме“, рече Наунова.

    Семејствата замерија и што комеморацијата се одржува речиси цела година по трагичниот настан, а не порано.

    Одбележувањето на годишнината од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани ќе продолжи и во следните денови. Во сабота, на 14 март во Кочани ќе се одржи со богослужба во храмот „Свети Георгиј“, а на Градските гробишта ќе биде одржано опело за жртвите. Во недела ќе се одржат рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип-Кочани, а меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ на Пониква и кошаркарски турнир помеѓу повредените во трагедијата. Ќе биде прикажан музичко-балетски перформанс „Кочани ви благодари“, концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“и ќе се промовира книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.

    На годишнината на трагедијата, 16 март, семејствата и жители на Кочани утрото во 2:15 часот ќе се соберат пред дискотеката „Пулс“, каде ќе се одржи настанот „Светлина што останува“,

    Ќе биде организирана трка Свети Николе-Штип-Облешево-Кочани, а во Паркот на револуцијата во Кочани ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, со муралот „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите. Ќе се одржи и комеморација „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ и ќе биде отворен меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“.

    Годишнината ќе се одбележи и со меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“, во организација на Владата. На конференцијата ќе присуствуваат 37 лекари и медицински експерти од странство, кои во деновите по трагедијата директно учествуваа во лекувањето на пациенти.

    Previous ArticleЕДНА ГОДИНА ОД КОБНАТА НОЌ: Кочани се подготвува за „Светлина што останува“

    Поврзани вести

    ЕДНА ГОДИНА ОД КОБНАТА НОЌ: Кочани се подготвува за „Светлина што останува“

    12/03/2026

    Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

    12/03/2026

    Мицкоски: Граѓаните не треба да се грижат, имаме механизми да реагираме доколку кризата продолжи

    12/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието се одржа комеморација за трагедијата во Кочани, одбележувањето на годишнината ќе продолжи и следните денови

    ЕДНА ГОДИНА ОД КОБНАТА НОЌ: Кочани се подготвува за „Светлина што останува“

    Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

    Мицкоски: Граѓаните не треба да се грижат, имаме механизми да реагираме доколку кризата продолжи

    НАЈЧИТАНИ

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    06/03/2026

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    06/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.