Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција

    Правата на работниците се само параван: СДСМ, Левица и ССМ одржаа заеднички протест со партиски обележја

    Иран ја затвора најважната нафтена рута само за своите непријатели: Новата порака од Техеран крена тревога

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе
    Македонија

    Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе

    14/03/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање на нашето општество, рече премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, што се одржува денеска во Скопје.

    Денес сме собрани овде со чувство на длабока почит, но и со силно чувство на емпатија. Почит кон оние кои ги изгубија своите животи. Почит кон семејствата кои ја носат болката на загубата. Почит кон повредените кои веќе една година водат тивка и храбра борба за закрепнување. Но, истовремено, денес сме собрани и со чувство на одговорност. Одговорност да се сеќаваме. Одговорност да учиме. И одговорност да создадеме системи кои ќе бидат посилни од пропустите што доведуваат до трагедии. Оваа конференција е обид трагедијата да се претвори во знаење, искуството да се претвори во лекција, а лекцијата во конкретни решенија – истакна Мицкоски.

    Премиерот нагласи дека една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

    Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава. Во тие часови, цела Македонија застана. Веста се прошири со брзина која носеше неверување, страв и тага. Секој граѓанин ја почувствува тежината на настанот. Во тие моменти не постоеше ниту политика, ниту поделби. Постоеше само тишина и чувство на длабока загриженост за луѓето кои се бореа за живот. Трагедијата ги погоди најсилно семејствата кои ги изгубија своите најблиски. За нив времето се мери со спомените, со празнината која останува и со секојдневната борба да се продолжи понатаму – рече Мицкоски.

    Тој посочи дека денот на несреќата бил не само негов најтежок ден како премиер, туку и најтежок ден во неговиот живот.

    Оваа голема несреќа се случи само 8 месеци откако јас станав премиер. Само 8 месеци од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуват со децении. Денот на несреќата не беше само најтешкиот мој ден како премиер, туку тоа беше најтешкиот ден во мојот живот како човек. Кој е виновен за сето ова? И јас го поставувам ова прашање и на ова мора да даде одговор не некаков преки суд, не јавноста туку обвинителството и судовите. Но, воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили – кажа премиерот.

    Мицкоски истакна и дека во исто време, трагедијата остави и друга трага – трага на солидарност и оти хероите никогаш нема да бидат заборавени.

    Херојството денес не е само во пушка и кама, не е во мускулите и силата, туку во активизмот и подадената рака. Кочани покажа дека има луѓе кои се тивките херои на нашата земја. Тоа се болничарите и докторите кои работеа, брзата помош, техничкиот персонал. Вo најтешките моменти, граѓаните покажаа дека општеството има сила да се обедини. Крводарителските центри беа исполнети со луѓе кои дојдоа да помогнат. Волонтери се јавуваа за поддршка на семејствата. Хуманитарните организации се мобилизираа. Лекарите и медицинските тимови работеа без прекин, со огромна посветеност и професионалност. Сакам од срце да ви честитам. Вам и на секој кој беше вклучен во оваа операција. Дома и во странство. Никогаш нема да бидете заборавени – рече Мицкоски.

    Премиерот рече и дека трагедијата ја отвори и страната на човечноста, солидарноста и чувството дека никој не смее да остане сам во најтешките моменти.

    Добивме и силна меѓународна поддршка. Партнерските држави и нивните здравствени системи веднаш ја понудија својата помош. Болници, лекари и медицински тимови од повеќе европски земји ги отворија своите врати за нашите пациенти. Тоа беше силен потсетник дека во најтешките моменти, човечката солидарност ги надминува границите. Една година подоцна, ова сеќавање останува жива обврска. Обврска да се почитува споменот на жртвите. Обврска да се поддржат семејствата. Обврска да се продолжи борбата за закрепнување на повредените. И обврска трагедијата да се претвори во поука од која ќе произлезат посилни институции и побезбедно општество – рече премиерот во своето воведно обраќање на конференцијата.

    Извор: МИА

    Previous ArticleАнтонели за историјата – најмладиот на „пол“ позиција во Ф1
    Next Article „ОД ПЛАМЕН ДО НАДЕЖ“, документарен филм за преживеаните од Кочани

    Поврзани вести

    Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција

    14/03/2026

    Правата на работниците се само параван: СДСМ, Левица и ССМ одржаа заеднички протест со партиски обележја

    14/03/2026

    Трагедијата во Кочани низ зборовите на Мицкоски: Тоа е најтешкиот ден во мојот живот, ден што никогаш нема да го заборавам

    14/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција

    Правата на работниците се само параван: СДСМ, Левица и ССМ одржаа заеднички протест со партиски обележја

    Иран ја затвора најважната нафтена рута само за своите непријатели: Новата порака од Техеран крена тревога

    Трагедијата во Кочани низ зборовите на Мицкоски: Тоа е најтешкиот ден во мојот живот, ден што никогаш нема да го заборавам

    НАЈЧИТАНИ

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Градоначалникот Александар Китански заедно со припадниците на исламската вероисповед на ифтарска вечера во село Црник

    13/03/2026

    Конститутивна седница на новиот локален Совет за превенција во Општина Берово

    13/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.