Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција
Македонско здружение ЗАЕДНО-ИНСИЕМЕ во соработка со Генерален конзулат на Република Македонија во Местре најави можност за организирање Конзуларен ден за македонските граѓани во регионот Пиемонте.
Настанот се планира да се одржи во јуни или јули и ќе им овозможи на нашите иселеници полесно да ги завршат конзуларните услуги, како издавање патен лист и други документи, без потреба да патуваат до Венеција. Предвидено е Конзуларниот ден да се одржи за време на викенд.
Од здружението ги повикуваат заинтересираните граѓани да го пријават својот интерес најдоцна до 15 мај, со испраќање име и презиме, град на живеење и вид на услугата што им е потребна, по што ќе биде објавен точниот датум и локацијата на одржување.
