Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ТРАМП ШОКИРА: Војната со Иран е веќе готова – направив потег што никој не смееше

    МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито

    Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски
    Македонија

    Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

    19/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија.

    Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на денешната седница го избра Епископот Велички г. Никола за Митрополит Австралиско-новозеландски.

    Новоизбраниот Митрополит Никола е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага, каде се образува во областа на средновековната литература.

    Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија.

    Во 2008 година на Богословскиот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија го одбрани магистерскиот труд „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20-иот век“, кој е објавен на македонски и руски јазик. Докторант е на истиот факултет.

    Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит.

    Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.

    Објавува текстови и учествува на научни собири и конференции во Македонија и вон државата на теми од областа на средновековна и понова црковна историја, агиографија и црковна книжевност. Член е на повеќе значајни архиепископски и епархиски црковни тела и органи.

    Австралиско-новозеландска епархија е една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за териториите на Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив. Од 1995 година администратор на епархијата е Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар. (МИА)

    Previous ArticleБлагој Механџиски-Зегин нуди вработување и поддршка за семејствата на настраданите во случајот „Пулс“
    Next Article МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито

    Поврзани вести

    МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито

    19/03/2026

    Благој Механџиски-Зегин нуди вработување и поддршка за семејствата на настраданите во случајот „Пулс“

    19/03/2026

    Завршува реконструкцијата на тротоарите на ул. „Задарска“ – побезбедно движење и унапредена инфраструктура во Берово

    19/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ТРАМП ШОКИРА: Војната со Иран е веќе готова – направив потег што никој не смееше

    МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито

    Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

    Благој Механџиски-Зегин нуди вработување и поддршка за семејствата на настраданите во случајот „Пулс“

    НАЈЧИТАНИ

    Градоначалникот Александар Китански заедно со припадниците на исламската вероисповед на ифтарска вечера во село Црник

    13/03/2026

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Конститутивна седница на новиот локален Совет за превенција во Општина Берово

    13/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.