Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Американската комисија за уметност одобри изработка на златна монета со ликот на Доналд Трамп

    Силекс против Работнички бара излез од резултатска и голгетерска криза

    Поранешната асистентка на Кајли Џенер открива што ја натерало да даде отказ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Димитриеска Кочоска: Ја следиме состојбата со цените, стандардот на граѓаните е приоритет
    Политика

    Димитриеска Кочоска: Ја следиме состојбата со цените, стандардот на граѓаните е приоритет

    19/03/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во гостување на МТВ, Димитриеска Кочоска најави дека доколку ескалира кризата ќе се направат приоритети и реорганизација, но оти секогаш приоритет ќе биде навреме да се исплатат платите, пензиите, социјалната помош,…сѐ што е значајно за да се заштити стандардот на граѓаните.

    Како што рече, во момонтов кај нас нема недостиг на нафта и нафтени деривати, ниту пак има значајни ценовни шокови како директна последица на кризата.

    „Граѓаните можат непречено да снабдуваат гориво, што значи дека нема основ за воведување рестриктивни мерки од тој тип. Во однос на цените, тие и понатаму се пониски во споредба со дел од регионот, што е особено важно за стандардот на граѓаните. Затоа не можеме механички да ги преземаме мерките од други земји, без да ја земеме предвид нашата реална состојба“, рече министерката.

    Во услови на зголемена глобална неизвесност, предизвикана од случувањата на Блискиот Исток, министерката нагласи дека клучен предизвик е непредвидливоста на кризата, со оглед дека ниту европските земји не можат да дадат прецизни проценки за нејзиното времетраење.

    „На дневна основа функционираат повеќе од 30 инспекциски тимови кои ги следат состојбите низ целата држава. Најголем дел од компаниите, било да станува збор за производители, било да станува збор за дистрибутери, супермаркети, кои се посетени од ДПИ може да констатираме дека на терен промена во однос на цените нема“, наведе Димитриеска-Кочоска.

    Владата, потенцира, секако ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки.

    „Ги следиме состојбите,  најважно е стандардот на граѓаните да не се наруши, до овој момент немаме некои посериозни нарушувања или какви било влијанија. Информаците од теренот говорат дека имаме зголемување на цената на маслото за јадење, но тоа не е поврзано со кризата, туку со берзанската цена на суровините за негово производство и на јајцата, повторно поврзано со суровините“, рече Димитриска Кочоска.

    Ова, појасни, е нешто што се случува пред почетокот на кризата и не станува збор за промена на цени како резултат на неа.

    „Во овој момент како резултат на кризата се уште апсолутно немаме никакви  влијанија или пренесувања на цените. Зошто ги каниме компаниите и разговараме со нив во Владата? За да  ги прашаме, што се случува, дали чувствуваат одредени притисоци од увозни цени, набавките  кои ги прават итн. До овој момент не се случува нешто такво за да треба да се излезе и да се реагира. Но, не значи дека не ги следиме состојбите и дека нема да излеземе со одредени реакции. Секако дека ќе излеземе“, потенцира министерката Димитриеска Кочоска.

    За предложените законски решенија за справување со кризата од опозициската СДСМ,  рече дека „не би сакала да зборува, затоа што, посочи, „имавме избори пред повеќе од година и половина и ако тие беа добри и дадоа добри мерки во 2022 година во 2024 година ќе беа добитници, а не губитници“. Во 2022 година, наведе, сегашната опозиција  создаде инфлација на храна во државата од над 20 проценти, а за одредени производи дури и од над 30 проценти. Во овој момент освен на два производа во друг дел немаме покачувања, рече министерката за финансии потсетувајќи дека на средбата со трговците било констатирано оти досега нема сериозни притисоци за промена на крајните цени.

    „Ќе реагираме соодветно во ситуациите како ќе се менуваат состојбите, но однапред да прејудицираме или да кажуваме или да споредуваме состојби не се споредливи затоа што денес имаме инфлација која е под 5 проценти кога станува збор за храната“, дополни министерката.

    Прашана која е црвената линија за Владата да одлучи да креира мерки, повтори дека се следи состојбите и укажа дека многу јасно е предвидено што треба да преземе Министерството за финансии доколку има потреба.

    „Еве, овие истите кои ги предлагале мерките не знам како на пример кажале 4 денари да се намали акцизата кога тие истите во самите закони напишале дека цената на акцизата може да се намали за 4 денари доколку  имаме кризна или вонредна состојба и доколку цената на нафтата по тон е повеќе од 1200 долари. Во овој  момент, се уште цената не е таква и затоа велам, има пропишано закони во државата, ги следиме и ќе одговараме соодветно како што ќе се движи цената на нафтата“, рече Димитриеска Кочоска.

    Како што ќе се менуваат состојбите, укажа дека така можеби ќе се менуваат и проекциите во рамки на Буџетот.

    „Ова е една вонредна состојба која можеби ќе бара и одредени посерозни корекции во насока на тоа, не знам, дали можеби ќе го менуваме буџетскиот дефицит итн. Ова го зборуваме и со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Фокус на Министерството за финансии е да се одржиме буџетскиот дефицит толку колку што беше проектиран годинава, секако во рамки на тоа да се испроектираат одредени заштеди каде што има простор и непродуктиви трошења, да се даде таму каде што е приоритетно. Но, секогаш приоритет ќе биде навреме да се исплатат платите, пензиите, социјалната помош, сето она што е значајно за да се заштити стандардот на граѓаните. Понатаму за се друго, како ќе има простор така ќе се реализира. И ММФ даде поддршка и призна дека во изминатите  години многу сериозно сме посветени на фискалната консолидација, тоа ќе го правиме и понатаму и ќе се трудиме во рамки на оние граници коишто ги имавме и претходно поставено да ги проектираме и нашите расходи. Секако тоа е во услови доколку состојбота не излезе премногу надвор“, рече министерката за финансии.

    Доколку ескалира кризата, истакна, ќе се направат приоритети.

    „Ќе се реорганизираме доколку има потреба. До овој момент не сметаме дека треба. Се движиме генерално во тие рамки. да оставиме да видиме како ќе се движат работите и врз основа на тоа да носиме одлуки.  Реакцијата и на останатите влади е иста затоа што станува збор за состојба и непознаница и никој не знае колку ќе трае“, рече Димитриеска Кочоска.

    МИА

    The post Димитриеска Кочоска: Ја следиме состојбата со цените, стандардот на граѓаните е приоритет appeared first on МКД.МК.

    Previous ArticleТРАМП ШОКИРА: Војната со Иран е веќе готова – направив потег што никој не смееше
    Next Article Мисајловски: Стабилна е безбедносната состојба во Македонија, но ценовниот шок со нафтата…

    Поврзани вести

    Мисајловски: Стабилна е безбедносната состојба во Македонија, но ценовниот шок со нафтата…

    20/03/2026

    Пленковиќ на самитот на ЕПП во Брисел: Македонија заслужува јасна перспектива во ЕУ

    19/03/2026

    Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од самитот на ЕПП (ВИДЕО)

    18/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Американската комисија за уметност одобри изработка на златна монета со ликот на Доналд Трамп

    Силекс против Работнички бара излез од резултатска и голгетерска криза

    Поранешната асистентка на Кајли Џенер открива што ја натерало да даде отказ

    Македонија тргна кон Австрија: Лазаров го тестира тимот пред клучниот бараж

    НАЈЧИТАНИ

    По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата ОУМБ ” Кочо Рацин” организираше пригоден настан во соработка со Локалниот младински совет и возрасните читатели

    18/03/2026

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Во Кочани 63 столчиња останаа празни, одбележана годишнината од катастрофалниот пожар што однесе 63 животи

    16/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.