Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    Изложба во Јавна соба „Од цитат кон толкување“: Љупчо Јованов – Љубац за симболите, слободата и внатрешната светлина

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Колективниот договор помина на владина седница, државните админитративци за 2 години ќе имаат за 40 отсто повисока плата
    Политика

    Колективниот договор помина на владина седница, државните админитративци за 2 години ќе имаат за 40 отсто повисока плата

    26/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Тој посочи дека во вторникот на владина седница поминал и предлог-колективниот договор, кој државните институции ќе треба да го потпишуваат со вработените во администрацијата, со што вработените за две години би имале за 40 проценти повисока плата од она што го имаат денес.
    „Веќе помина текстот на предлог-колективниот договор, кој државните институции ќе го потпишуваат со вработените во администрацијата, а кој беше претходно договорен и усогласен со двата синдиката, УПОЗ и САДУ. Помина во вторникот на седница на Владата, има некои детали што ќе треба да се доиспеглаат деновиве и очекувам веќе од понеделник и потпишувањето да се заврши и во април да добијат плата во согласност со новата пресметка. Таа плата би била повисока за линеарното нивелирање на сите вработени во јавниот сектор, зголемена за 8 %. Така ќе биде во април 2027, така ќе биде во април 2028. Значи дека за некаде две години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања за 40-ина проценти од она што го имаат денес. Овој договор преставува прв од таков вид што некогаш некоја влада го потпишала со овие вработени“, рече Мицкоски.
    Тој истакна дека малку се проширил списокот и оти тука влегле и од обвинителската и од судската служба.

    „Некаде 10-ина илјади луѓе се опфатени и со тоа ние 99 % ги регулираме нашите односи со нашите колеги, каде што државата е работодавач. Нешто што досега никој не го направил“, нагласи премиерот.

    Претседателот на Владата потсети дека еден од првите колективни договори што оваа Влада ги потпишала бил токму со синдикатите во образованието.

    „Тоа беше приоритет на оваа Влада да најде решение за еден процес кој е многу важен, а тоа е процесот на зголемување на платите на образовните работници. Се потпиша договор, кој завршува во 2028 година. Бидејќи ние не сакавме да преземаме обврски што го надминуваат времетраењето на мандатот на оваа Влада во услови кога би имале редовни избори“, додаде Мицкоски.

    Previous ArticleПожар во затворот Идризово, се запалил кровот на амбулантата
    Next Article Николоски: Блокираните ДУП-ови ја зголемија цената на станбен квадрат

    Поврзани вести

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    07/09/2026

    Села го демантира Касами дека планира да влезе во Владата

    07/09/2026

    Николоски: Очекуваме градскиот воз да ја надмине бројката од преку 100 илјади патници

    06/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    Изложба во Јавна соба „Од цитат кон толкување“: Љупчо Јованов – Љубац за симболите, слободата и внатрешната светлина

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    Младите повторно купуваат ЦД-а, продажбата расте

    НАЈЧИТАНИ

    Силен град го побеле беровскиот регион

    02/09/2026

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    07/09/2026

    Драма во Пехчево: Маж во ноќните часови седел со друга жена, ги затекнала сопругата

    06/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.