Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Во понеделник законот за високото образование оди во владината процедура
    Македонија

    Во понеделник законот за високото образование оди во владината процедура

    04/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Предлог-законот за високо образование е во завршна фаза и од понеделник ќе биде поднесен на влада, потврди министерката за образование Весна Јаневска, додавајќи дека во завршната фаза ќе бидат земени предвид сите конструктивни и аргументирани забелешки поднесени од страна на јавноста и академската заедница.

    Од универзитетската фела со бројни забелешки. Универзитетската професорка Тамара Јованов за Телевизија 24 истакнува дека во законот постојат бројни недоследности и пропусти. Јованов предупредува дека втората верзија на предлог-законот за високо образование, иако декларативно ја афирмира академската слобода и автономијата, всушност ги ограничува клучните одлуки на универзитетите, префрлувајќи ги кај Владата и Националниот совет. Таа потенцира дека строгите критериуми за научни публикации и големото наставно оптоварување можат да доведат до површна настава и симулирана научна продукција. Според Јованов, ваквиот пристап го поткопува академскиот интегритет, ја намалува мотивацијата на професорите и ја загрозува иднината на високото образование во земјата.

    „Законот само декларативно ја гарантира автономијата на универзитетот, но истовремено клучни прашања се префрлаат на одлучување кај Владата и Националниот совет, наместо кај универзитетите. Ова создава систем во кој автономија постои на хартија, но е суштински зависна од централни тела. Таквиот пристап отвора простор за политичко влијание и административна контрола врз академскиот развој. Со тоа се губи важниот критички и општествен капацитет на универзитетот. Особено проблематичен е делот кој се однесува на научните публикации. Се инсистира трудовите да бидат објавени во списанија индексирани во бази утврдени од Националниот совет. Ова значи дека совет од неколку лица, голем дел избрани од Владата, ќе одлучува што ќе се смета за наука, а што не,“ вели за Телевизија 24 Јованов.

    Универзитетскиот професор Александар Петковски, пак, за Телевизија 24 нагласува дека треба да се разгледаат предлозите насочени кон индекс-рангирањата и базите за објавување на научни трудови, кои според него треба да бидат прилагодени согласно потребите на научната фела.

    Предлог-законот за високо образование од самиот почеток предизвика несогласувања во научната фела, а во контекст на законот министерката Јаневска најави дека еден од условите ќе биде и обврската секој кандидат за докторска титула да има најмалку два објавени научни труда, а доколку претходно магистрирал, да има и дополнителен објавен труд…

    Инаку, според најавите дел од точките во предлог-законот нема да важат за редовните професори….

    Previous Article20-годишник од Делчево возел со 129 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час
    Next Article Владата подготвува интервенција на цените на горивата, утре одлука за намалување на акцизата

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.