Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Владата подготвува интервенција на цените на горивата, утре одлука за намалување на акцизата
    Економија

    Владата подготвува интервенција на цените на горивата, утре одлука за намалување на акцизата

    04/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По неколкунеделно уверување дека енергетската состојба е стабилна, Владата сега повлекува нов потег – ќе се намалуваат акцизите на горивата. Кај дизелот акцизата се крати за 4 денари, а кај бензините за 2 денари, најави денеска премиерот Мицкоски. Повластената стапка на ДДВ од 10 отсто останува на сила уште две недели. За утре е закажана владина седница на која ќе се официјализираат овие мерки, со цел да се намали притисокот врз стандардот и да се ублажи инфлацијата, која за март се проектира меѓу 4 и 5 проценти. Во наредниот период, Владата ја разгледува и можноста за целосно укинување на ДДВ-то за основните прехранбени продукти.

    И покрај тоа што намалувањето на акцизата ќе значи загуба од неколку десетици милиони евра во буџетот, Мицкоски уверува дека во него има доволно средства. Токму затоа, веќе се најавува сериозен ребаланс на Буџетот, кој треба да биде подготвен до мај, а во собраниска процедура да влезе во јуни. Целта е да се најдат пари за сите колективни договори и мерки за помош, без да се загрози тековната ликвидност.“

    И додека Владата ги промовира овие чекори како спасоносни, опозицијата смета дека тие се само „задоцнети,. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со остра критика – тврди дека власта предолго тактизирала и ги игнорирала предупредувањата додека стандардот на граѓаните тонел.

    На терен цените во маркетите растат побрзо од секоја владина одлука, а граѓаните секојдневно се прашуваат: дали намалувањето на акцизата е само „капка во морето“ додека инфлацијата незапирливо го јаде секој преостанат денар?Во пресрет на Велигден, кога побарувачката традиционално е највисока и јајцата  стануваат луксуз.Според европските статистики цесните на јајцата во Македонија пораснале за 26,3% на годишно ниво, што ја става меѓу најпогодените земји во Европа, веднаш зад Шпанија. Овој раст е значително повисок од општата инфлација и се чувствува особено во пресрет на празникот кога побарувачката расте. Иако јајцата сè уште се релативно поевтини отколку во Западна Европа, брзиот раст силно ги погодува домашните буџети. Сличен тренд има и во други европски земји, додека во најголемите економии поскапувањето е поумерено.

    Previous ArticleВо понеделник законот за високото образование оди во владината процедура
    Next Article Проблемите со Украина и Русија може да го укинат ветото во ЕУ

    Поврзани вести

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026

    УЈП: Да се усогласат фискалните системи со намалената стапка на ДДВ за горива од 18 на 10 отсто

    24/03/2026

    Мицкоски најави намалување на цената на нафтените деривати 

    13/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.