Цените на бензините и дизелот се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Според најновата одлука, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и 98, се намалуваат за 1,50 денари за литар, и ќе бидат 82, односно 84 денари за литар.
Малопродажната цена на дизел горивото се намалува за 2,50 денари за литар на 95,50 денари.
Како што информираат од Регулаторната комисија, цената на Екстра лесното масло за домаќинство, се намалува за 3,50 денари за литари ќе изнесува 96,50 денари, додека, пак, мазутот ќе поевтини 2,084 денари за килограм и ќе се продава за 49,227 денари.
