Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Две лица од Корешница во притвор откако киднапирале и брутално претепале маж
    Македонија

    Две лица од Корешница во притвор откако киднапирале и брутално претепале маж

    14/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Двајца жители на село Корешница, Демир Капија завршија во притвор откако на 12 април киднапирале и брутално истепале лице, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО).

    „Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот. Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат“, пишува во соопштението од Обвинителството.

    Кога стигнале во шума, како што се додава во соопштението, осомничените го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал.

    „Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Но, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото. Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино“, се наведува во соопштението.

    Како што објаснуваат оттаму, бидејќи станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, јавен обвинител проценил дека постои основан страв дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе извршат ново кривично дело доколку се бранат од слобода, па затоа тој до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

    Previous ArticleМицкоски најавувa нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    Next Article Се намалија цените на бензините и дизелот

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/2026

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.