По повод најголемиот христијански празник – Велигден, основачот на „Зегин“, Благој Механџиски, заедно со своите најмили, во соработка со градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, организираа хуманитарна акција за најранливите сограѓани од Малешевскиот крај.
Во координација со организациите „Бастион“, „Мистон“ и Дионис беа подготвени и распределени повеќе од 150 оброци. Истите беа доставени директно до домашните адреси на корисниците, со цел да се обезбеди достоинствено одбележување на празникот за сите.
Оваа иницијатива претставува пример за солидарност, хуманост и заедништво во духот на велигденските вредности.

