Министерството за внатрешни работи известува дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои се платени во банка или електронски, нема потреба да се носат во полициска станица.
„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата.“ велат од МВР.
