Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»СДСМ најави дека ќе се повлече од работата на Изборниот законик ако се укине техничката влада
    Македонија

    СДСМ најави дека ќе се повлече од работата на Изборниот законик ако се укине техничката влада

    23/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Лидерот на опозицискиот Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска на прес-конференција во Собранието најави дека партијата ќе се повлече од работата на реформа на Изборниот законик ако бидат изгласани измените на Законот за Влада, со кои ќе се укине т.н. Пржинска Влада која предвидува 100 дена пред избори опозицијата да ги преземе клучните ресори со свои министри. Според Филипче, техничката влада е единствен гарант за спроведување фер и демократски избори.

    „Имено, кажавме повеќепати дека сметаме дека на овој начин, којшто е целосно автократски манир на владеење на оваа власт, и ова не е единствен пример, ова е само еден од примерите, техничката влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори“, рече Филипче.

    Според него, во ситуација кога има целосна контрола на оваа власт врз судството, кога се именуваат партиски послушници за судии и за обвинители, кога премиерот без грам срам од собраниска говорница, од прес-конференции, јавно со своите чувства на некој начин дели наредби на обвинителите и врши притисок врз правосудството, во ситуација кога не се знае како, на кој начин се складираат и ќе се употребуваат или веќе сега се употребуваат податоците од системот Сејф Сити, ова едноставно не смее да се случи.

    „Овој манир на владеење е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година. И затоа, доколку денеска овој закон помине на Комисија и власта продолжи да ја тера собраниската процедура, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за работа на изборниот закон“, најави тој.

    Тој потсети дека пржинската влада е воведена пред изборите во 2016 година, но на барање на Христијан Мицковски законот беше вратен во 2018 година и така важеше на нивно барање и за парламентарните избори во 2020 година.

    „Затоа уште еднаш повторувам, власта овој закон мора го повлече, Пржинската Влада, којашто е единствен гарант во оваа форма во која што сега важи законот за спроведување на фер и демократски избори, мора да остане. Во спротивно се повлекуваме од работата за изборниот закон од работната група којашто се води Министерството за правда“, заклучи Филипче.

    Previous ArticleСудот ја продолжи мерката куќен притвор за Груби по предлог на Обвинителството
    Next Article Митева: Повлекувањето на СДСМ од работната група за Изборниот законик е политички незрел потег

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/2026

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.