Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ТФТ и Пелистер во битка за бронзата

    Бомба од светот на фудбалот: Чаби Алонсо има нова работа!

    УЈП: На 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Честитки од Сиљановска и Гаши по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот
    Политика

    Честитки од Сиљановска и Гаши по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

    01/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Денешниов празник е доказ дека решителниот работнички бунт за осумчасовно работно време, кренат во Чикаго од над 10.000 работници во 1886 година, и по повеќе од еден век, сè уште ги инспирира и повикува на единство и солидарност работниците во борбата за нивните права, работодавачите на преиспитување на односот кон нив, а носителите на власта, на промисла на економската и социјална политика, низ призма на демократијата.

    Одбележувањето на Денот на трудот во над 160 држави е вистински момент за соочување со сè уште актуелните прашања: дали ги почитуваме општо прифатените норми на меѓународното трудово право?; дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?; дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето и вложениот труд?;  дали се безбедни и сигурни на работното место?; дали и зошто има случаи на присилна работа?; дали секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место?; дали секој вработен има право на платен дневен и неделен и годишен одмор?; каков е односот на колективните партнери кон колективните договори и правото на штрајк?

    Од одговорите на гореспоменатите прашања зависи уживањето на економските и социјални правa од страна на работниците, коишто пак, го детерминираат обемот и квалитетот на нивните културни права. Не смееме да заборавиме дека синдикалното организирање, правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда. Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат!

    Да се однесуваме кон работниците како кон вреден социјален капитал, ако сакаме да ги задржиме тука, или да ги вратиме дома. Да сфатиме дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни“, се вели во честитката на Сиљановска.

    Во честитката на претедателот на Собранието Африм Гаши се вели дека Меѓународниот ден на трудот е ден посветен на сите оние кои со својот труд, знаење, посветеност и одговорност секојдневно придонесуваат за развојот на нашето општество.

    „Работничките права, достоинствената работа, социјалната правда и еднаквите можности не се само вредности што треба да ги чествуваме, туку и обврски кон кои постојано треба да се стремиме.

    На сите работници во Република Северна Македонија им упатувам искрени честитки и благодарност за нивниот придонес. Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата.

    Како институции, имаме одговорност да продолжиме да создаваме услови за безбедна, правична и достоинствена работа, во која секој човек ќе биде почитуван, заштитен и соодветно вреднуван.

    Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, ви посакувам добро здравје, благосостојба и многу успех на личен и професионален план. Честит 1 Мај – Ден на трудот“.

    Previous ArticleМуцунски на форум во Загреб: Време е Европа да е разбуди
    Next Article За првпат во историјата на мак-баскетот: Кошаркари добија благодарници од навивачи (ФОТО)

    Поврзани вести

    Мицкоски: Со блокирање на Изборниот законик опозицијата го кочи напредокот на реформската агенда

    15/05/2026

    До крајот на јуни Владата ќе ја објави потрошувачката кошничка

    15/05/2026

    Рокас: Има забрзување на процесот на реформите

    14/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ТФТ и Пелистер во битка за бронзата

    Бомба од светот на фудбалот: Чаби Алонсо има нова работа!

    УЈП: На 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност

    Мицкоски: Со блокирање на Изборниот законик опозицијата го кочи напредокот на реформската агенда

    НАЈЧИТАНИ

    Уапсен 65-годишен управител на образовен центар во Штип, се сомничи дека допирал ученички

    13/05/2026

    ДИК ќе им префрли пари на 11 блокирани општини за членовите на ОИК и ИО за локалните избори

    11/05/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на штета на земјоделски насади

    08/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.