Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Серафимов е дел од историја, Левски за првпат после 17 години стана првак (ВИДЕО)

    Во Липково вчера се славеше слободна територија Карадак од конфликтот во 2001 година

    Томовски е ѕидот од Битигхајм, нашиот голман е во топ форма пред најважните мечеви!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Трендафилов изјави дека во Македонија 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, а само мал број се излезени на протест
    Македонија

    Трендафилов изјави дека во Македонија 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, а само мал број се излезени на протест

    01/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Под слоганот „За плата се бориме, не се молиме“ Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со протест го одбележа Меѓународниот ден на трудот 1 Мај.

    Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов изјави дека му е жал што имаме квази синдикати кои сметаат дека не треба да се протестира, кои сметаат дека 1 мај е за луксуз во скап хотел на скапа конференција. Тој им се заблагодари на присутните на маршот.

    „Денеска, кога ќе се движиме до Владата, ќе видеме наши граѓани на нивните балкони, на нивните прозори, кои ќе гледаат одозгора. Ќе седат во нивните удобни фотелји и ќе чекаат ние, ние и некој како нас да се избориме за нивната плата“ изјави Трендафилов.

    Тој порача дека треба да се бориме уште пожестоко, уште повеќе затоа што платите се ниски.

    „Денес сме тука не за да го слушнат тоа што сакаат да го слушнат, а ние да им кажеме дека платите се добри, дека се почитуваат колективните договори, дека се плаќа прекувремената работа, дека во Македонија е добро ако се работи 12-часовен работен ден за одредени колеги, дека е добро тоа што поднесуваат иницијативи во Уставниот суд затоа што сакаат да укинат колективен договор и дека е добро тоа што нема социјален дијалог.“ посочи Трендафилов.

    Во Македонија денес над  260.000 работници живеат со плата под 600 евра, и само неколку илјади од сите нив излегоа на овој првомајски протест. Трендафилов изјави дека според него и многумина други, веројатно ситуацијата која се креира во општеството е таква, да треба да се поклониме, да треба да се потчиниме, но нема да го направиме тоа.

    „За жал, голем број работници денес гинат на своите работни места. Наутро заминуваат на работа, а навечер не се враќаат. И никој не презема ништо за нивна заштита“ рече Трендафилов.

    Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука, се осврна на барањата што тие ги имаат. „Први мај живее и ќе продолжи да живее сѐ додека има работници коишто се на висината на задачата и се борат за своите работнички права, ќе продолжи да живее сѐ додека има синдикати што не се контролирани од центрите на политичка моќ, а на тие што се – нека им служи на чест. Како независен синдикат за образование и наука, стоиме цврстно на нашите барања, а тоа е почитување на колективните договори, почитување на пресметката за плата согласно коефициентот помножен со минимална плата. Бараме во најбрз можен рок да започне почитување на колективните договори и достоинствено вреднување на трудот на вработените во секторот образование. Бараме достоинствена плата и достоинствено вреднување на трудот за вработените во детска заштита“ изјави Гиевски.

    Previous ArticleЗа првпат во историјата на мак-баскетот: Кошаркари добија благодарници од навивачи (ФОТО)
    Next Article Напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации, вели премиерот

    Поврзани вести

    Закани и притисоци кон ФОП по случајот со Арбеша Беџети Ферати на Универзитетот во Тетово

    02/05/2026

    Телемедицината се тестира во Дебар и Делчево

    02/05/2026

    Најавена целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово

    02/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Серафимов е дел од историја, Левски за првпат после 17 години стана првак (ВИДЕО)

    Во Липково вчера се славеше слободна територија Карадак од конфликтот во 2001 година

    Томовски е ѕидот од Битигхајм, нашиот голман е во топ форма пред најважните мечеви!

    Закани и притисоци кон ФОП по случајот со Арбеша Беџети Ферати на Универзитетот во Тетово

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Во Липково вчера се славеше слободна територија Карадак од конфликтот во 2001 година

    03/05/2026

    Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

    30/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.