Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации, вели премиерот
    Политика

    Напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации, вели премиерот

    01/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Одговорајќи на новинарско прашање за тоа како се одвива спроведувањето на реформската агенда и каков е неговиот став во врска со обвинувањата од страна на опозицијата за нејзино неспроведување, Мицкоски нагласи дека Владата ќе испорача сѐ што вети, освен два чекора – барањето да не обезбедува 100 отсто електрична енергија од снабдувачот и Изборниот законик.

    „Опозицијата не се бори на следните избори да победи, туку се бори ова раководство да остане во опозиција. Во оваа насока е и шпекулацијата поврзана со застој во реализацијата на реформската агенда. Вчера имавме состанок, долг состанок со ресорните министри кои треба до крајот на јуни да ги доиспорачаат веќе почнатите чекори. Сите десет што се заостанати, со исклучок на два, нема да бидат испорачани. Првиот е оној во кој се бара од државата да не обезбедува 100 отсто електрична енергија за домаќинствата и за сите оние корисници од снабдувачот, бидејќи цениме дека тоа што го прифатила претходната влада ако ние го продолжиме и го прифатиме, тогаш сметките за електрична енергија на домаќинствата ќе бидат за 25 до 30, па и повеќе проценти поскапи. И тука свесно нема да одиме во реализација на тој чекор, бидејќи сакаме да го заштитиме стандардот на граѓаните. Вториот чекор е Изборниот законик. Знаете дека тој се носи со консензус. СДСМ ја напушти работата на групата што работи на Изборниот законик и сѐ додека е така, ние Изборниот законик не можеме да го донесеме, бидејќи тоа е еден од оние закони кои се во групата во која е потребен консензус во рамки на Собранието. Сѐ останато ќе биде завршено и сѐ останато ќе биде уште еден демант на лагите што ги испраќа СДСМ на дневните прес-конференции“, потенцира Мицкоски.

    Previous ArticleТрендафилов изјави дека во Македонија 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, а само мал број се излезени на протест
    Next Article Честитка на Мицкоски за 1 Мај: Нема напредок без работа, трудот е темелот на секоја силна држава

    Поврзани вести

    Судијата Ѓоко Ристов ем го судат, ем во притвор и ем цело време си зема плата

    06/10/2026

    Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со Македонија, но без ултиматуми и отстапки од политиката на ЕУ

    04/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, нека ги објави останатите сомнежи за криминал

    04/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.