Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов испиша историја со Левски Софија, ја освои шампионската титула во Бугарија, откако минимално славеа против ЦСКА 1948 со 1-0. Бодовите од овој дуел беа доволни за големо славје на четири кола пред крајот на првенството.
Левски стави крај на неверојатната 14-годишна доминација на Лудогорец и го освои првиот шампионски пехар после пауза од цели 17 години. Официјалното крунисување и доделувањето на пехарот ќе се случи по натпреварот во следното коло, во кое Левски ќе ги одмери силите со досегашниот шампион Лудогорец.
