Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!
Бојана Јовевска и Марија Стефановска, ученички во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, со одличен настап ги претставија своето училиште и Општина Пехчево на спортските натпревари за млади во Сплит, Хрватска.
Под менторство на наставникот по физичко и здравствено образование, Андреј Митровски, нашите ученички се натпреваруваа со своите врсници од пет земји – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
Бојана Јовевска го освои третото место, покажувајќи одлична игра, спортски дух и борбеност. Со својот настап достојно ги бранеше боите на Македонија и успешно ги претстави ООУ „Ванчо Китанов“ и Општина Пехчево.
Честитки за Бојана, Марија и нивниот ментор Андреј за одличниот успех! Ви посакуваме уште многу спортски успеси и освоени медали!
Горди на нашите млади спортски таленти!
Next Article Поранешен таен агент на ЦИА од Косово уапсен во САД
Поврзани вести
Најнови информации
Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.
© 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.



