Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Прибетиќ: Не е крај на светот, но не смееме да потонеме после поразот!

    Има само едно сценарио од кое стравуваат навивачите на Тотенхем

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Даниловски: Хантавирусите не се нова закана за човештвото, на јавноста ѝ се потребни точни информации
    Македонија

    Даниловски: Хантавирусите не се нова закана за човештвото, на јавноста ѝ се потребни точни информации

    10/05/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Хантавирусите не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија и не се реална закана, предупредува епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски на својот профил на Фејсбук. Тој смета дека оваа тема деновиве станала новата суровина за глобалната индустрија на страв, односно вели, доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
    „Повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“. Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус. Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.
    Посебно загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци, чиј јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула доктор.
    По ковид-пандемијата, општеството остана психолошки преосетливо на теми поврзани со инфективни болести.
    „Хантавирусите се одамна познати во медицината. Тоа се група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари. Дел од нив се присутни на европскиот континент, Азија и Африка (подгрупа на Хантавируси на Стариот свет – Old World Hantaviruses). Ендемско подрачје е Балканот. Друг дел од нив (подгрупа на Хантавируси на Новиот свет – New World Hantaviruses) „владее“ со обете Америки. Ендемско подрачје се Аргентина и Чиле. Иако двете подгрупи се сродни, тие се разликуваат по тоа што предизвикуваат различни видови болести кај хуманите домаќини. Вирусите во подгрупата на новиот свет предизвикуваат болест позната како „хантавирусен пулмонален синдром“ со десетици заболени секоја година и смртност од 20-40%. Вирусите во подгрупата на Стариот свет предизвикуваат болест позната како „хеморагична треска со бубрежен синдром“, со стотици заболени секоја година и со смртност од 1-15%. Балканот има сопствено искуство со хеморагичната треска со бубрежен синдром. Во подгрупата на Новиот свет постои типот Andes вирус, (причинител на епидемијата на крузерот „Хондиус“). Само кај овој тип е опишан и пренос од човек на човек“, напиша Даниловски.
    Според него многу е важно што тој вирус не циркулира кај нас, ниту постои ризик да „скокне“ од некој од заразените на крузерот.
    „Поради тоа, во моментот не постојат индикации за сценарио што би наликувало на ковид-пандемијата. Истовремено, постојат реални причини за внимателност. Темата за хантавирусите отвора едно многу приземно и локално прашање: каква е состојбата со урбаната хигиена, дератизацијата и контролата на глодарите во македонските градови? Во изминатиот период, Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии.
    „Мијазма“ на 21 век! Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци. Кои претставуваат потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции“, потенцира Даниловски.
    Како што вели, прагот на летото е момент кога институциите, поради елементарна епидемиолошка логика, треба сериозно да пристапат кон дератизација, дезинфекција, санитарен надзор, урбана хигиена, контрола на дивите депонии.
    „Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста денес ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција“, напиша Даниловски.
    Мета неодамна пишуваше дека нема опасност од епидемија, односно, дека  според микробиологот проф. д-р Никола Пановски, нема опасност од ширење на вирусот.

    „Ние сме блиску до ендемско подрачје кај што го имало тој вурус. Во осумдесетите години на минатиот век го имаше како епидемија во Косово и во Црна Гора. Онаму каде што има проблем, треба да се преземат мерки бидејќи ако глодарите не се фатат на време, луѓето ќе бидат поизложени на вирусот. Ако се јави болеста односно ако има некое жариште, треба да се направи дератизација и дезинфекција, има начин да се контролира. Вакцина има во Кореја, но не гледам причина луѓето да се вакцинираат“, смета Пановски.

    Според информациите на Црногорскиот Институт за јавно здравје, на крузерот има државјани на Црна Гора, но и од 87 други земји меѓу кои Велика Британија, Шпанија, Франција, Германија, Грција, Белгија, Полска, Ирска, Турција, Соединетите Американски Држави, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Аргентина, Јапонија, Филипини, Русија, Украина, Индија, Португалија, Гватемала и Холандија. Но, оттаму немаат информации дали меѓу заболените или оние со благи симптоми има црногорски државјани.

    Летото 2017 година во Македонија од Ханта вирус починаа татко и син од селото Симница, гостиварско. Тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари ја смируваше јавноста откако се појави паника, велејќи дека вирусот не се пренесува од човек на човек, туку најчст преносител е полскиот глушец.

    Previous ArticleМалешевиќ со апел до битолчани за дуелот со МЗТ Скопје
    Next Article Во април евидентирани пет нови лица заразени со ХИВ

    Поврзани вести

    Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    20/05/2026

    Дезинформациите претставуваат сè поголем предизвик за демократските процеси, потребно е вклучување на земјите кандидатки во Европскиот демократски штит

    20/05/2026

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    20/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Прибетиќ: Не е крај на светот, но не смееме да потонеме после поразот!

    Има само едно сценарио од кое стравуваат навивачите на Тотенхем

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска

    Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.