Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на Владата, толерантен сум ама нема да толерирам занес во привилегиите на власта

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Продавачи на кифли повеќе нема да се ставаат инспектори, во Собранието изгласани измени за полицијата, инвестициите и образованието
    Политика

    Продавачи на кифли повеќе нема да се ставаат инспектори, во Собранието изгласани измени за полицијата, инвестициите и образованието

    19/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собраниската говорница изјави дека како претходно кога се вршела брутална партизација на Министерството за внатрешни работи, да се носат луѓе од штаб на одговорни позиции, продавачи на кифли да се ставаат инспектори, „сега тоа нема да се прави, туку се формира средно полициско училиште“.

    „Од каде што државата ќе ги црпи најдобрите кадри коишто веќе ќе бидат подгтовени за оној позив којшто значи полициска работа“, нагласи Петрушевски од собраниската говорница.

    Тој додаде дека сега граѓаните нема недостоинствено да чекаат колони редици за да извадат нормален пасош, туку законски, легитимно, за неколку дена се вадат документи. Петрушевски посочи и дека сега не се давале пасоши на криминалци.

    „Сега Македонија е држава којашто има кредибилитет, углед – меѓународен “, подвлече пратеникот.

    Петрушевски истакна и дека сега немало да се дозволи криминалците да хараат по улиците низ државата, како што додаде – да има кокаин на секое место.

    Пратеникот Антонијо Милошоски рече дека точките 13 и 14 ќе бидат разгледани кога ќе се создадат деловнички можности и ја прекина 102. собраниска седница.

    Станува збор за точките 13 и 14 – Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија, по скратена постапка и точката 14 – Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2025 година.

    Воедно, денеска се одржа и 97. седница на која беа усвоени неколку предлог-закони од областа на образованието, сите по скратена постапка.

    Пратениците го изгласаа Предлогот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, со кој се врши усогласување со Законот за Националната рамка на квалификации, особено во делот на педагошката документација. Дополнително, измените предвидуваат и усогласување со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

    Усвоен беше и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните. Со овие измени се доуредуваат одредбите за трошоците поврзани со верификацијата на програмите и акредитацијата на давателите на услуги. Согласно постојните решенија, трошоците за верификација на програмите паѓаат на товар на подносителот на барањето, додека трошоците за проверка на условите за акредитација ги сноси избраниот понудувач на услуги за валидација. Со новите измени, Законот се усогласува со Законот за стручно образование и обука, земајќи ја предвид улогата на државните средни училишта – регионални центри за стручно образование и обука, кои вршат и образование за возрасни и валидација на неформално и информално учење.

    Пратениците го усвоија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука. Со овој закон се воведува нова одредба за утврдување на платите на директорот и заменик-директорот на Центарот за развој на стручното образование. Дополнително, се прецизираат категориите и нивоата на работните места на вработените кои обезбедуваат јавни услуги во Центарот, како и нивните плати.

    Previous ArticleСтудентите во реновираните домови ќе плаќаат повеќе, законот за студентски стандард оди по скратена постапка
    Next Article „Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

    Поврзани вести

    Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на Владата, толерантен сум ама нема да толерирам занес во привилегиите на власта

    17/06/2026

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на Владата, толерантен сум ама нема да толерирам занес во привилегиите на власта

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    Петмина добија кривични пријави за тероризам поврзан со Исламска држава

    НАЈЧИТАНИ

    Муцунски од Истанбул: Соработката и економскиот развој се предуслов за просперитет на регионот

    13/06/2026

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.