Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Пленковиќ: Македонија напредува многу добро во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ
    Политика

    Пленковиќ: Македонија напредува многу добро во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ

    26/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија.

    „Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и нов премиер, господинот Радев, па ги очекуваме првите контакти, првите чекори што ќе ги направите на тоа ниво. Го следиме дијалогот што го имавте на министерско ниво и ќе настојуваме да ви помогнеме да се премостат пречките што постојат во тој процес“, рече Пленковиќ.

    Коментирајќи го нон пејперот од германскиот канцелар Фридрих Мерц за планираните новини за проширувањето во Европската Унија, Пленковиќ истакна дека тоа е очекувано писмо, кое пред сè се однесува на Укранина, и смета дека не може за едни земји да има кратенки, а за други бавност.

    „Што се однесува до писмото на канцеларот Мерц, тоа за мене не е неочекувано. Тоа е плод, би рекол, на повеќемесечни размислувања, кои долго се присутни во Берлин. Ние за тоа разговаравме на самитот во Загреб, тоа беше самит на нашите сестрински партии од семејството на Европските народни партии (ЕПП), каде што беше сосем јасно дека очекувањата во тоа писмо, пред сè, се однесуваат на европската перспектива на Украина. Нема да може да излезат во пресрет на она што Украина го преживувала, особено во контекст на мировните преговори иницирани од страна на Соединетите Американски Држави, кои подразбираат полноправно членство“, истакна Пленковиќ.

    Сосема јасно е, според него, дека постои позитивна политичка волја од страна на канцеларот Мерц. Тој, како што посочи, тоа јасно го артикулирал и на самитот во Кипар пред еден месец, на кој бил присутен и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рекол дека треба да се испратат конкретни политички сигнали за поддршка на Украина за приспособено членство во ЕУ.

    „Во тоа писмо, секако, се споменуваат и други земји, односно барем подрачјето на Југоисточна Европа за кое исто така би требало да се пронајде решение. Позицијата на Хрватска е многу јасна цело време. Ако се откажеме од концепцијата на таканаречените индивидуални заслуги за секоја земја посебно, ако се прават некакви кратенки, односно пократки патишта, или ако се трансформира перспективата за членство – во овој случај најмногу за Украина – во нешто што повеќе личи на статусот што го имаат земјите што го склучиле таканаречениот европски економски договор или нешто што порано го имаше ЕФТА, но сепак со подигнато институционално учество, тогаш мораме да гледаме како тоа се однесува и на сите други. ​Значи, не може да има кратенки за едни, а бавност за други. Тоа е првата позиција“, посочи Пленковиќ.

    Втората позиција, како што нагласи хрватскиот премиер, е дека има голема разлика во апсорпциониот капацитет на Украина во однос на сите други држави кандидати.

    „Сите други се помали и по број на население, а и помалку се сложени во смисла на нивното влијание врз буџетските импликации на Европската Унија и врз клучните секторски политики, како што се земјоделството или регионалниот развој, односно кохезивната политика. Затоа се бара едно специфично решение и за тоа ќе расправаме, верувам, следната неделам најпрвин во Црна Гора, а потоа и на редовниот состанок на Европскиот совет, кој ќе се одржи во средината на јуни во Брисел“, рече Пленковиќ.

    Previous ArticleМицкоски: Реформите ќе ги завршиме, но ако нè блокираат поради билатерални спорови ќе се бориме на друг начин
    Next Article ЕХФ парично ја казни Хрватска за инцидентите на Европското првенство

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.