Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството
    Македонија

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    30/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

     

    Министерството за здравство, Азир Алиу најави продолжување на неколку капитални проекти во здравството, меѓу кои изградба на новите клинички болници во Штип и Тетово, новата општа болница во Кичево, како и подготовка на нов Клинички центар во следната фаза од инвестицискиот циклус.

    На состанок на секторската работна група за здравство, министерот за здравство Азир Алиу ги претстави тековните и планираните инфраструктурни инвестиции во здравствениот систем.

    Според Министерството, меѓу проектите што се реализираат се и Центар за рани и гангрени во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, како и подобрување на условите за сместување на судски пациенти во Психијатриската болница – Скопје. Во Кочани, пак, е планирано отворање на Иновативен хаб.

    „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство“, вели Азир Алиу.

    Од Министерството изјавија дека паралелно со капиталните проекти се реализираат и стратешките проекти како што е Ургентен центар за токсикологија, развој на ин витро капацитети за гинекологија и засилена интензивна нега во кардиологијата.

    Од Министерството најавуваат и понатамошна дигитализација на здравствениот систем преку развој на национални дигитални платформи, лабораториски мрежи и интегрирани здравствени услуги.

    Previous ArticleБаражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!
    Next Article Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Поврзани вести

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    30/05/2026

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    30/05/2026

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.