Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

    Билетите за НБА финалето во „Медисон Сквер Гарден“ се поскапи од оние за финалето на СП 2026

    Алиу во Рига: Дигиталното здравство е инструмент за подобра грижа за пацинетите

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Николоски: Само за коридорот 8 ќе инвестираме повеќе од шест милијарди евра
    Економија

    Николоски: Само за коридорот 8 ќе инвестираме повеќе од шест милијарди евра

    12/05/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Македонија само во патна инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет до шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5 до 6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8“, изјави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски посочи дека двата аеродрома, Скопскиот и Охридскиот, кои се исто така на Коридорот 8, бележат прогрес. „Св. Апостол Павле“ во овој момент се реконструира – процес што се очекува да заврши во јули, а Скопскиот аеродром има најголем раст на бројот на патници во првиот квартал годинава во целиот регион.

    Во делот на автопатите и експресните патишта на Коридорот 8, во моментов се реализираат или се во завршна фаза инвестиции во вредност од околу 2,1 милијарди евра, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

    Тој оцени дека станува збор за огромна инвестиција за држава со околу 1,8 милиони жители и бруто домашен производ од 21 до 22 милијарди долари.

    Според Николоски, автопатот Охрид – Кичево, чија вредност е нешто под 800 милиони евра, конечно се довршува по бројни предизвици. Поврзувањето од овој автопат преку Струга до Ќафасан, како што рече, ќе се реализира во соработка со УНЕСКО и во рамки на правилата за заштита на УНЕСКО.

    „Не е прашање дали, туку како и каде“, рече Николоски, додавајќи дека оваа делница би чинела околу 250 милиони евра.

    Министерот посочи дека во финална постапка е изборот на изведувач, заедно со Европската банка за обнова и развој, за автопатското решение од Кичево до Букојчани, вредно околу 220 милиони евра. За делницата Букојчани – Гостивар, за која веќе има изведувач, работите се изведуваат со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Таа делница, според Николоски, ќе чини околу 590 милиони евра, а досега е постигнат прогрес од околу 50 проценти.

    На ова се надоврзуваат делницата Гостивар – Тетово, реконструкцијата на скопската обиколница во вредност од 150 милиони евра, како и експресниот пат Куманово – Страцин, кој ќе се реализира со поддршка од Европската Унија и ќе чини околу 300 милиони евра.

    Делницата Страцин – Крива Паланка, вредна 100 милиони евра, како што потсети Николоски, беше пуштена во употреба минатиот јануари.

    Тој додаде дека се планираат и реконструкција и проширување на граничните премини Ќафасан кон Албанија и Деве Баир кон Бугарија, како и изградба на патот од Извор до Гарски мост, со кој, преку Дебар и граничниот премин Блато, земјава треба дополнително да се поврзе со Албанија.

    Паралелно со патната инфраструктура, како што нагласи Николоски, се работи и на железничкото поврзување долж Коридорот 8

    Тој информираше дека е постигнат договор со Бугарија, а инвестициите во железницата, кои се во фаза на проектирање или тендерирање, ќе надминат три милијарди евра.

    Првата секција од железничкото поврзување со Бугарија, вредна 90 милиони евра, беше пуштена во употреба минатиот јануари, додека во моментов се работи на втората секција, вредна околу 200 милиони евра. За третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија, која се реализира со Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Европската Унија, во тек е тендерска постапка за избор на изведувач. Овој проект, според Николоски, ќе чини околу 500 милиони евра.

    Дополнително, со Европската Унија се работи и на проект за целосна реконструкција и надградба на железничката линија од Скопје преку Јанушевци, Тетово, Гостивар до Кичево, вреден околу 285 милиони евра. Новата железничка линија Кичево – Охрид – Струга, до границата со Албанија, според најавите, би чинела околу две милијарди евра.

    „Лесно е да се пресмета дека над три милијарди евра ќе се инвестираат во железницата во следните пет до шест години, само на Коридорот 8. Целата оваа слика, патиштата, железницата и двата аеродроми, покажува колку инвестираме и колку сакаме да инвестираме во инфраструктурата во следниот период“, изјави Николоски.

    Previous ArticleУапсен српски државјанин што престојувал во Скопје и планирал убиство по налог на криминална група
    Next Article Руте: НАТО ќе се спротивстави на обидите за дестабилизација на Западен Балкан

    Поврзани вести

    Медиумите ги објавија имињата на млекарите кај кои АХВ откри сериозни отстапувања – пронајдени само 1 отсто

    01/06/2026

    Министерството за правда воведува „фонд против вооружување“ од речиси 1,8 милијарди долари како дел од спогодбата на Трамп со СВП

    19/05/2026

    Поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски е осомничен во истрага за перење пари

    12/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

    Билетите за НБА финалето во „Медисон Сквер Гарден“ се поскапи од оние за финалето на СП 2026

    Алиу во Рига: Дигиталното здравство е инструмент за подобра грижа за пацинетите

    Зеленски предлага разговори лице в лице во отворено писмо до Путин

    НАЈЧИТАНИ

    Реконструкција на кров на ОЈУДГ 7 Септември – Пехчево

    01/06/2026

    ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ПЕХЧЕВО

    04/06/2026

    Медиумите ги објавија имињата на млекарите кај кои АХВ откри сериозни отстапувања – пронајдени само 1 отсто

    01/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.