Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од задутре „Виз ер“ ќе лета од Катовице до Охрид

    Три години без епилог: Обвинителството ја чува во фиока втората истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово

    Андоновски: Уште еден чекор во дигитализацијата, СМАРТ лиценци

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»EФА ги осуди бугарските притисоци врз Македонците во Албанија
    Политика

    EФА ги осуди бугарските притисоци врз Македонците во Албанија

    06/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), европското политичко семејство кое ги претставува народите, регионите и малцинствата во Европскиот парламент, денеска, во Гандија, Шпанија, едногласно, ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“.
    Претседателот на единствениот политички субјект на етничките Македонци во Албанија, Васил Стерјовски, вели дека е тоа голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во Албанија.
    „Пред делегатите на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), ги претставив предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Албанија, како и нашата борба за еднаквост, достоинство и почитување на основните човекови права“, вели Стерјовски.
    „Со усвоената Резолуција, ЕФА, јасно, бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци“, рече Стерјовски.
    Воедно, со оваа Резолуцијата, се осудува политиката на негирање и асимилација на Македонците во Албанија преку надворешни политички притисоци од страна на Бугарија и ја повикува Европската комисија да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.
    Спорд Стерјовски, оваа поддршка од европското семејство на малцинствата и народите, претставува силна порака дека Европа се гради врз почитување на различностите, правото на самоидентификација и заштитата на човековите права.
    Стерјоски упати благодарност до сите партии-членки на ЕФА за нивната едногласна поддршка и солидарност со македонската заедница во Албанија.
    „Нашата борба продолжува, смело, достоинствено и гордо. Ќе продолжиме да се залагаме за правата на Македонците во Албанија, уверени дека вистината, правдата и европските вредности ќе победат. Гласот на Македонците од Албанија се слуша во Европа“, вели Стерјоски.
    Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник.
    „Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени“, рече Стерјовски во обраќањето на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА).

    Тој посочи дека процесот на проширување на Европската Унија треба да биде алатка за промоција на демократијата и заштита на правата и оти никогаш не смее да стане механизам преку кој се оспоруваат малцинските идентитети или преку кој човековите права се условуваат со политички интереси.

    „Нашата резолуција ја повикува Албанија целосно да ги спроведе малцинските права, да го зајакне политичкото претставување, да инвестира во малцинските региони и да гарантира слободни и фер процеси на самоидентификација. Исто така, ги повикува европските институции будно да ги следат овие прашања и да осигураат дека вредностите на ЕУ се применуваат доследно и еднакво. Европа е најсилна кога ја штити својата разновидност. Денеска ја барам вашата поддршка не само за македонското малцинство во Албанија, туку и за принципот дека секоја заедница во Европа има право да постои, да биде признаена и да напредува без страв, притисок или дискриминација. За принципот дека Европската Унија мора да остане заедница на вредности, каде што човековите права се штитат еднакво и без двојни стандарди“, нагласи Стерјовски.

    Македонска алијанса за европска интеграција во 2024 година стана полноправна членка на Европската слободна алијанса. ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.

    Previous ArticleМицкоски: Акцискиот план за малцинства е готов, Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите
    Next Article Акцискиот план за правата на малцинствата е пречка само за Бугарија, но не и за 26 други земји членки на ЕУ

    Поврзани вести

    Андоновски: Уште еден чекор во дигитализацијата, СМАРТ лиценци

    07/06/2026

    Акцискиот план за правата на малцинствата е пречка само за Бугарија, но не и за 26 други земји членки на ЕУ

    06/06/2026

    Мицкоски: Акцискиот план за малцинства е готов, Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите

    06/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од задутре „Виз ер“ ќе лета од Катовице до Охрид

    Три години без епилог: Обвинителството ја чува во фиока втората истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово

    Андоновски: Уште еден чекор во дигитализацијата, СМАРТ лиценци

    Нереални сцени во Америка: 20.000 навивачи го пеат легендарниот хит на Халид Бешлиќ (ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    Реконструкција на кров на ОЈУДГ 7 Септември – Пехчево

    01/06/2026

    ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ПЕХЧЕВО

    04/06/2026

    Медиумите ги објавија имињата на млекарите кај кои АХВ откри сериозни отстапувања – пронајдени само 1 отсто

    01/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.