Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Милошоски: Француско-германскиот предлог е искрен и реален
    Политика

    Милошоски: Француско-германскиот предлог е искрен и реален

    05/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Може на некого тоа да му се допаѓа или да не му се допаѓа, но ја цениме искреноста и на Франција и на Германија што ја соопштија реалната состојба внатре во Европската Унија, којашто трае можеби во последниве седум, осум години. Дека апетитот за нови полноправни членки со целосни права и обврски (право на вето, гласање и слично) не е толку голем како што бил пред 13 или 15 години. Но, од друга страна, не нудат статус кво, туку нудат фазна интеграција на земјите во одредени сектори, зависно од исполнетите стандарди“, рече Милошоски.

    Како што кажа, очекувањата се дека денеска на Самитот за Западен Балкан во Тиват тоа ќе биде предмет на сериозна дебата.

    „И, доколку биде потврдено како понуда, официјално од страна на Европската Унија, моето лично мислење е дека Македонија би требало кон таа понуда да пристапи позитивно и да влезе во разговори за фазно интегрирање кон Европската Унија. Се разбира, како еден преоден период до полноправно членство, кога за тоа ќе се создадат политички услови во самата Европска Унија“, рече потпретседателот на Собранието Милошоски.

    На новинарско прашање дали ние би можеле да влеземе во ЕУ заедно со земјите за кои се најавува дека најбрзо би биле дел од неа, тој смета дека според неофицијалните информации Црна Гора би можела да биде единствената земја од регионот која би имала шанса да стане членка на Унијата до 2030 година и можеби Исланд доколку тамошните граѓани се изјаснат за тоа на рефендумот.

    „Од тоа што го имаме вака како неофицијални информации — се разбира, ЕУ земјите членки на крајот ќе одлучат — јас сметам дека единствена земја од регионот којашто би имала шанси до 2030 година да стане членка (дали полноправна или со некоја друга фаза на ограничување, не знам) е Црна Гора. И доколку Исланд има позитивно изјаснување на нивниот референдум за повторно продолжување на процесот на преговори, можеби и Исланд до 2030 година да ја има таа опција. Додека за Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Украина, Турција и другите земји, веројатно ќе важи оваа понуда за постепено интеграција во одредени сектори на Европската Унија, зависно од исполнетите стандарди“, рече Милошоски.

    Македонското Собрание денеска е домаќин на земјите што учествуваат во Регионалниот процес за соработка во Југоисточна Европа, а присуствуваат и претставници од Хрватска, Грузија и Турција.

    Милошоски рече дека двете главни поенти на овој форум се регионалната соработка и добра координација и напредок што ќе ни ја олесни комуникацијата со Европската унија.

    „Првата поента е дека регионалната соработка е предуслов за нашите регионални интеграции, за подобра економија, за побрз напредок на целиот регион и на државите.
    ​Второто е дека како регион, доколку имаме добра координација и напредок, тоа ќе ни олесни и за комуникацијата со Европската Унија, особено после овие најнови предлози коишто се дадени од Франција и Германија за, би рекол, скалеста интеграција во различни проекти и сектори“, рече потпретседателот на Собранието.

    Во тој контекст Милошоски ја нагласува можноста за заедничкиот регионален и европски пазар како една голема цел којашто, доколку, како што вели, успееме да бидеме интегрирани во тој единствен европски пазар, би било голем поттик за економските потенцијали на сите земји во регионот.

    Најави заедничка изјава на земјите – учеснички што како што истакна ќе ​значи потврда на политичката определба на сите земји од регионот, без разлика на тоа која влада — политички или идеолошки — каде припаѓа, дека имаат две заеднички цели:
    ​Регионално да бидеме партнери, да се поврземе што поцврсто.
    ​- Европската интеграција — дали тоа ќе оди скалесто, постепено, до полноправно членство или со други модалитети — да ја завршиме преку реформи и постигнати стандарди – рече Милошоски.

    Previous ArticleТреба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик
    Next Article Сиљановска-Давкова: Изборот во ЕКОСОК е значаен дипломатски успех за Македонија

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.