Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на студентски оброк
    Македонија

    Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на студентски оброк

    08/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Студентската платформа „Студентарија“ реагираше по повод, како што наведуваат, неоснованото укинување на студентскиот оброк на стотици студенти во текот на овој месец.

    Најголемиот дел, студираат на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а како причина за укинувањето на оброкот, од МОН било наведено дека станува збор за студенти кои не се редовни и покрај тоа што тие го исполнуваат критериумот.

    „Студентарија“ информира дека проблемот со прекинот на студентскиот оброк за дел од студентите се должи на недоставување навремено ажурирани податоци за редовните студенти од страна на факултетите до Министерството за образование и наука.

    Според нив, станува збор за редовна месечна обврска на високообразовните установи. Поради овој пропуст, како што наведуваат, на погодените студенти автоматски им е укинато правото на субвенциониран студентски оброк.

    Како што велат од „Студентарија“, загрижувачки е дека, и покрај тоа што факултетите подоцна доставиле ажурирани списоци со студенти кои ги исполнуваат условите, Министерството за образование и наука не прифаќа корекција на податоците за тековниот месец. Оттаму посочуваат дека студентите на тој начин остануваат без финансиски средства што, како што велат, законски им припаѓаат, и тоа без никаква нивна вина за настанатата ситуација.

    „На секој од засегнатите студенти овој месец му се одземени по 3.640 денари (26 дена по 140 денари) – средства кои за многу од нив претставуваат значајна поддршка за покривање на секојдневните трошоци за исхрана“, се вели во соопштението на „Студентарија“ на социјалните мрежи.

    Од „Студентарија“ посочуваат дека речиси секој месец студенти од различни факултети остануваат без студентски оброк поради ненавремено доставување на податоците од страна на факултетите, додека МОН одбива дополнително ажурирање.

    „Наместо системот да ги заштити оние на кои им следува ова право, студентите остануваат без финансиска поддршка поради административни пропусти врз кои немаат никакво влијание“, се вели во соопштението.

    Од „Студентарија“ бараат МОН итно да ја преиспита одлуката за прекин на правото на субвенциониран студентски оброк и да изнајде начин за исплата на парите за оброк на студентите од Факултетот за безбедност кои ги исполнуваат законските услови за користење на ова право.

    Оттаму дополнуваат дека, како резултат на овие пропусти, студентите се оштетени за милионски износи кои останале во државниот буџет, иако законски им припаѓаат.

    Поради тоа, апелираат до МОН и универзитетите да воспостават соодветно системско решение за навремена размена и ажурирање на податоците, со цел од почетокот на следната академска година да се спречат вакви ситуации.

    „Студентите не смеат да бидат казнувани за административни пропусти на институциите. Правото на субвенциониран студентски оброк мора да биде гарантирано за сите студенти кои ги исполнуваат законските услови, без исклучок и без ризик да го изгубат поради туѓи грешки“, наведуваат од Студентарија.

    Previous ArticleПочина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи
    Next Article Маалски фестивал 5.0: на 11, 12 и 13 јуни 2026 година во КСП Центар – Јадро и во Паркот на Франкофонија

    Поврзани вести

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    23/08/2026

    За влез во Грција се чека и до еден час: Колони на граничните премини

    22/08/2026

    ВЛЕН: Албанците ја испратија ДУИ во политичка историја, изборите ќе го потврдат крајот

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.