Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи
    Македонија

    Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

    08/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Утрово почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи. Информацијата за неговата смрт ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку социјалните мрежи.

    „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, стои во соопштението.

    Од семејството известуваат дека погребот ќе се одржи во 18 часот на гробиштата во селото Блаце.

    Арсим Зеколи беше политички аналитичар и дипломат, а во текот на својата дипломатска кариера ја претставуваше Македонија во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, каде беше постојан претставник на земјата.

    По завршувањето на дипломатскиот ангажман, продолжи активно да учествува во јавниот дискурс преку анализи, колумни и коментари за домашните и меѓународните политички процеси. Неговите ставови се одликуваа со критички пристап и отворено преиспитување на политичките моќници.

    Со порака на сочувство се огласи и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Тој го опиша Зеколи како исклучително образован и принципиелен човек, кој без двоумење ги искажувал своите ставови, дури и кога тие биле критички настроени кон носителите на јавни функции.

    „Често јавно ме критикуваше, но тоа не нè спречуваше да се среќаваме и со часови да разговараме за меѓународната политика, регионот и геополитиката. Кога бев претседавач со ОБСЕ, често го поканував во мојот кабинет. Никогаш не разговаравме за тоа што го напишал за мене претходниот ден, ниту за нешто што можеби не ми се допаднало. Еден детал особено ми остана во сеќавање. Колку и пати да му понудев кафе кога ќе дојдеше во Министерството, тој одбиваше. Велеше дека не сака да добие ништо од луѓето на власт, за никому да не му остане должен, па дури ни за едно кафе. Таков беше Арсим. Сочувство до семејството и најблиските“, се вели во објавата на социјаните мрежи.

    На социјалните мрежи се огласи и лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во својата порака, Касами го опиша Зеколи како истакнат дипломат, аналитичар и интелектуалец, истакнувајќи дека со неговото заминување е изгубен „храбар и бескомпромисен глас“.

    Тој упати сочувство до семејството, пријателите и соработниците на Зеколи, посакувајќи неговиот спомен да остане вечен.

    Previous ArticleКосовскиот премиер Курти прогласи победа на изборите, најави преговори со другите партии за обезбедување мнозинство
    Next Article Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на студентски оброк

    Поврзани вести

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    22/10/2026

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    22/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.