Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Видео) Убавицата на Нејмар повторно бремена: Му прости за 92 неверства и за сите солзи што ги пролеа

    Скопјанецот што ги запали возилата на бугарската амбасада го признал делото, доби кривична пријава

    Вардар носител во второто коло, нема дуели со Црвена Звезда, Динамо Загреб…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Скопјанецот што ги запали возилата на бугарската амбасада го признал делото, доби кривична пријава
    Македонија

    Скопјанецот што ги запали возилата на бугарската амбасада го признал делото, доби кривична пријава

    17/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје за палењето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје.

    Како што информираат од СВР Скопје во текот на истрагата се обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото, а во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело.

    Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје осомниченот се товари дека сторил кривично дело, предизвикување општа опасност. Тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

    „На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, велат од Обвинителството.

    Посочуваат дека, имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвинител побара и определување на  притвор за осомничениот.

    Previous ArticleВардар носител во второто коло, нема дуели со Црвена Звезда, Динамо Загреб…
    Next Article (Видео) Убавицата на Нејмар повторно бремена: Му прости за 92 неверства и за сите солзи што ги пролеа

    Поврзани вести

    Уапсен човекот што запали две возила на Амбасадата на Бугарија

    16/06/2026

    Мицкоски: Идната недела почнуваат разговори за реконструкција на Владата

    14/06/2026

    Сиљановска-Давкова: Македонија на европскиот пат не треба да се фрустрира од перцепцијата дека е мала држава

    14/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Убавицата на Нејмар повторно бремена: Му прости за 92 неверства и за сите солзи што ги пролеа

    Скопјанецот што ги запали возилата на бугарската амбасада го признал делото, доби кривична пријава

    Вардар носител во второто коло, нема дуели со Црвена Звезда, Динамо Загреб…

    Договорот со Иран вклучува и приватен фонд за инвестиции од 300 милијарди долари

    НАЈЧИТАНИ

    Муцунски од Истанбул: Соработката и економскиот развој се предуслов за просперитет на регионот

    13/06/2026

    Демонстранти ги скршија прозорците на канцеларијата на ОН на марш против Г7 во Женева

    15/06/2026

    Сиљановска-Давкова: Не може да се ревидира историја по ничие барање, Европа не е маса за блокади

    13/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.