СВР Битола поднесе кривична пријава против 40-годишниот И.С. од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Според информациите од полицијата, на 13 октомври 2025 година, пријавениот, кој бил административен службеник на шалтер за наплата во ЈЗУ Општа болница Прилеп, фотографирал дебитна платежна картичка на едно лице од Прилеп.
Потоа, во периодот од 26 октомври 2025 до 19 февруари 2026 година, со злоупотреба на податоците од картичката, извршил вкупно 71 интернет трансакција, со што е направена материјална штета во износ од 90.174 денари.
Од СВР Битола информираат дека против лицето е поднесена соодветна кривична пријава и дека случајот ќе биде процесуиран согласно законските процедури.
