Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Филипче подготвува нови национални отстапки за да дојде на власт

    „ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

    Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за анимираниот филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом”

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Спречен увоз на речиси 24 тони замрзнато пилешко месо од Бразил поради ширење за птичји грип
    Македонија

    Спречен увоз на речиси 24 тони замрзнато пилешко месо од Бразил поради ширење за птичји грип

    16/06/20261 Min Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Официјалните ветеринари на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо со потекло од Бразил, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло.

    Забраната е воведена со цел заштита од внесување и ширење на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенца (птичји грип) во земјата. Според АХВ, спорната пратка не ги исполнувала пропишаните услови, бидејќи била произведена во јануари 2025 година, а согласно важечкото решение забранет е увоз на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

    Пратката била одбиена на влез во земјата и нејзиниот увоз бил спречен. Од АХВ потсетуваат дека и во декември 2025 година, на истиот граничен премин, поради истата причина била вратена пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак од Бразил.

    Како институција надлежна за безбедност на храната, АХВ упатува апел до сите увозници да ги почитуваат важечките законски и подзаконски акти, како и стандардите за безбедност на храната, нагласувајќи дека заштитата на здравјето на граѓаните е врвен приоритет на институцијата и државата.

    Previous ArticleАНАЛИЗА: За пет месеци реализација на капитални расходи од 38,5 отсто – кај дел од министерствата „лазечко“ темпо
    Next Article Административен службеник од болница во Прилеп фотографирал дебитна платежна картичка на лице и извршил повеќе од седумдесет онлајн трансакции во рок од четири месеци

    Поврзани вести

    „Стоп за Усје“: Новата дозвола содржи лимити само за три загадувачи, кои се многу повисоки од дозволените во ЕУ

    24/06/2026

    Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Филипче подготвува нови национални отстапки за да дојде на власт

    „ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

    Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за анимираниот филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом”

    „Стоп за Усје“: Новата дозвола содржи лимити само за три загадувачи, кои се многу повисоки од дозволените во ЕУ

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за клима уреди и топлински пумпи

    20/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.